Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Премиерот Заев се сретна со норвешкиот амбасадор во Македонија
Македонија

Премиерот Заев се сретна со норвешкиот амбасадор во Македонија

јуни 9, 2017Updated:јуни 9, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се сретна со амбасадорот на Кралството Норвешка за Македонија, Арни Бјорнстад.

Реформските приоритети што ќе ги отворат евро-атлантските интеграции на Македонија беа клучна тема на состанокот.

„Владата во својата работа се води од стратешките интереси на Република Македонија, а тоа се перспективите кон Европската унија и НАТО, што ќе осигураат квалитетен живот за сите граѓани на Македонија. Затоа, посветени сме на брзи, квалитетни и ефикасни реформи“, посочил Заев на средбата.

Заев, меѓу другото, најавил создавање услови за независни институции, како што се реформите во правосудството, обезбедување професионален здравствен и образовен систем, развој на економијата, што е од огромна важност за егзистенцијата на граѓаните, финализирање на Рамковниот договор.

На средбата било истакнато искуството со Црна Гора како позитивен пример за тоа како е можно постигнување голем исчекор напред и прием во НАТО, низ принципот на активна дипломатија со Брисел што води кон ефикасно исполнување на преземените обврски и напредок.

„Политичката криза во Македонија заврши, демократските процеси ги почнавме и резултатите за напредокот на Македонија на домашен и меѓународен план зависат од волјата на политичарите. Како премиер и како Влада ја преземаме обврската да го водиме овој процес. Во таа насока е и мојата посета на Брисел. Исто така, целосно сме ориентирани кон инклузивен процес на соработка со опозицијата и со сите други општествени чинители, затоа што евро-атлатскиот процес е интерес на сите граѓани и на Република Македонија“, истакнал Заев.

Заев најави дека е во фаза комплетирањето на владиниот кабинет, преку избор на квалитетни кадри и за замениците министри во Владата и изрази задоволство за мотивираноста на министрите во Владата да работат фокусирано на решавање на потребите и проблемите на граѓаните како врвен приоритет на новата реформска Влада.

актуелно Арни Бјорнстад влада Зоран Заев норвешка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.