Премиерот Димитар Ковачевски денеска, на вториот ден од Самитот на Совет на Европа во Рејкјавик, ќе има свое излагање на Генералната дебата на тема „Обединети за Европа”.
На Генералната дебата воведни обраќања ќе имаат премиерката на Исланд Јакобсдотир, генералната секретарка на Советот на Европа, Пејчиновиќ-Буриќ како и претседателот на Парламентарно Собрание на Советот на Европа, Тини Кокс, а потоа предвидено е да се обратат сите 46 шефови на држави – учесници на Самитот.
Четвртиот Самит на Совет на Европа е посветен на Украина и се однесува на мирот и почитувањето на човековите права.
Целта е земјите членки да се обединат кон принципите за демократија, обезбедувајќи јасно заедничко разбирање за тоа како ја обезбедуваме и зајакнуваме демократијата во Европа.
На дневен ред на Самитот е и формирање регистар за евидентирање на штетите предизвикани од руската агресија врз Украина и за реафирмирање и унапредување на основните вредности: човековите права, демократијата и владеењето на правото.
На крајот на Самитот, Исланд официјално ќе и го предаде на Летонија претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа за период од шест месеци.







