Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Прес-конференција на претседателите Пендаровски и Пирц Мусар
Македонија

Прес-конференција на претседателите Пендаровски и Пирц Мусар

јуни 13, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во рамки на официјалната посета на претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар на Република Северна Македонија, претседателите Пендаровски и Пирц Мусар одржаа заедничка прес-конференција.

Во продолжение е интегралниот текст од изјавата на претседателот Пендаровски.

Почитувана претседателке Наташа Пирц Мусар,
Почитувани претставници на медиумите,

Чест и задоволство ми е што денес сум домаќин на претседателката на Република Словенија, наша пријателска земја со која немаме отворени прашања, а меѓусебните односи се базирани на традиционално пријателство и долгогодишна соработка и поддршка и на политички и на економски план.

Со Словенија нѐ поврзува заедничкото минато како дел од поранешната држава, денес сме заедно сојузници во НАТО Алијансата, а, уверен сум дека имаме и заедничка иднина како дел од Европската Унија.

Она што посебно радува е интензивниот политички дијалог на високо ниво меѓу двете држави што е потврда за меѓусебната почит и разбирање, онака како што и доликува на две европски држави. Очекувам дека со претседателката Пирц Мусар ќе ја продолжиме таа традиција и ќе имаме успешна соработка.

На нашата прва средба имавме конструктивен разговор за билатералната соработка и економските релации меѓу нашите земји, а значајно време посветивме и на македонските евроинтеграции и состојбите во регионот и генерално на европскиот континент.

Република Словенија е наш важен партнер при имплементација на европските реформи со години наназад. Од словенечката претседателка добив уверување дека оваа поддршка ќе продолжи и дека со експертска и со политичка поддршка Словенија ќе остане да биде промотор на македонската европска интеграција.

Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на Словенија за таа поддршка, како и за поддршката што ја дава за членство на земјите од целиот регион на Западниот Балкан, кој е стратешки приоритет во словенечката надворешно-политичка агенда. Во овој контекст разговаравме и за претстојниот самит на шефови на држави кои се дел од процесот Брдо-Бриони, a, кој треба да се одржи кај нас во првата половина од септември оваа година.

Со претседателката констатиравме дека соработката меѓу нашите две армии и во рамките на НАТО сојузот и билатерално е од исклучително значење, при што разменивме мислења и информации за безбедносните предизвици во регионот и на континентот, наметнати од руската војна против Украина.

Почитувани,

Во однос на економската соработка Словенија е наш значаен трговски партнер и инвеститор со години. Минатата 2022 година вкупната трговска размена изнесуваше над 280 милиони евра, со раст од над 40 милиони евра, споредбено со 2021-та. Економската соработка постојано расте, но, со цел да ја зголемиме стоковната размена на половина милијарда евра годишно, се согласивме дека треба да се продлабочи економската соработка и во областа на услугите и странските директни инвестиции, а, за тоа ни помага фактот дека меѓу македонските и словенечките компании постои долга традиција на соработка и веќе етаблирани искуства и мрежа на контакти.

На крајот, дозволете ми посебно да ја издвојам билатералната соработка во областа на образованието, науката и уметноста. Словенија е една од земјите во рамки на Европската Унија што многу наши млади ја избираат за школување и кариерен развој, а со тоа се продлабочуваат и зајакнуваат врските и меѓу нашите граѓани. Исто така, нашите односи ги збогатуваат и професорите и уметниците кои ги изучуваат и предаваат нашите јазици и остваруваат интензивна научна и културна размена.

Почитувана Наташа,

Уште еднаш ви посакувам добредојде и пријатен престој, и Вам и на вашата делегација.

Благодарам.

актуелно мусар пендаровски пирц прес-конференција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.