Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Претседателот Иванов ги прими акредитивите на новите амбасадори на Косово и на Бугарија
Македонија

Претседателот Иванов ги прими акредитивите на новите амбасадори на Косово и на Бугарија

декември 13, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Косово и на Република Бугарија во Република Македонија.

На средбата со новоименуваниот косовски амбасадор Ѓерѓ Дедај,  претседателот Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, посочил дека Република Македонија во духот на добрососедството е подготвена за посветена и суштинска соработка со сите соседни земји, вклучително и со Република Косово, и изразил очекување за продолжување на дијалогот по билатерални прашања од заемен интерес, како и за соработка во рамки на регионалните и други организации и иницијативи.

„Од друга страна, свесен сум и за потенцијалните предизвици и преостанатите отворени прашања кои би можеле да имаат дестабилизирачко влијание во нашиот регион. Затоа верувам дека е неопходна координација, искрен пристап и заедничко дејствување во справувањето со билатерални, регионални и меѓународни предизвици, истакнал претседателот Иванов.

Во однос на регионалната соработка, Иванов порачал дека е потребна целосна фокусираност на инфраструктурните и енергетските поврзувања, на економската соработка, на ефикасно справување со ризиците од катастрофи, како и со предизвиците што ги носат безбедносните прашања и организираниот криминал.

Амбасадорот Дедај искажал уверување дека понатамошната соработка и односите на добрососедство со Република Македонија, ќе бидат главен приоритет високо на политичката агенда на сите косовски институции.

„Ве уверувам Претседателе дека продолжувањето на таквите политики базирани на принципите на блиска соработка, слобода и демократија, ќе придонесе за успех и просперитет не само на нашите две земји, туку ќе претставува и значаен историски придонес за мирот и стабилноста на регионот, како единствен начин за надминување на негативното влијание од минатото и ќе ја гарантираат стабилноста и оддржливиот демократски развој на Западен Балкан, посочил амбасадорот Дедај.

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Бугарија, Ангел Ангелов, претседателот Иванов истакнал дека традиционално добрите пријателски односи и очекуваната заедничка иднина во рамките на европското семејство ги поврзуваат, но и обврзуваат Македонија и Бугарија да ги засилат меѓусебните односи во сите сфери од заеднички интерес.

„Нашите заложби за реализација на заедничките демократски цели се рефлектираат во посветеноста на двете земји за градење добрососедска политика заснована врз принципите на меѓусебна доверба и почитување. Имплементацијата на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, пред сè, насочен кон надминувањето на историските предрасуди, отвора перспективи во постигнувањето на европските вредности, како заеднички придонес кон стабилизацијата и просперитетот на целиот регион.

„Би сакал и во оваа прилика да го изразам нашиот интерес за продолжување на конструктивниот дијалог за голем број прашања од заемен интерес, како и за продолжување на меѓусебната поддршка и соработка во рамки на меѓународните организации, нагласил Иванов.

Амбасадорот Ангелов истакнал дека активната и посветената работа за понатамошниот развој на билатералните односи во сите области од заеднички интерес, во духот на добрососедството, пријателството и довербата, како и поддршката за полноправно членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, ќе бидат главната задача за време на неговиот мандат.

„Денес, граѓаните од двете страни на границата имаат пријателски и добрососедски односи кои се развиваат во позитивна насока. Со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан во 2017 година, Република Бугарија и Република Македонија дадоа позитивен пример на сите држави во регионот за тоа како можат да се изнајдат дипломатски решенија дури и за најсложените отворени прашања што траат со децении. Сепак, има уште многу работа да се направи за целосна имплементација на документот, рече амбасадорот Ангелов.

Претседателот Иванов на двајцата новоименувани амбасадори им посакал успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

акредитиви актуелно бугарија иванов Косово
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.