Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Претседателот Иванов го одликува Јован Павлевски со Медал за заслуги за Македонија
Македонија

Претседателот Иванов го одликува Јован Павлевски со Медал за заслуги за Македонија

септември 11, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот Ѓорге Иванов денеска го одликува Јован Павлевски со Медал за заслуги за Македонија за неговото долгогодишно промовирање на Република Македонија во Француската Република и во целиот франкофонски свет.

Медалот за заслуги, како што информираат од Кабинетот на Иванов,  му се доделува на професор Јован Павлевски за исклучителната посветеност и ангажираност во своето работење и за дејствување во Француската Република, со што даде значаен придонес за унапредување на пријателските односи и на соработката со Француската Република, како и за афирмација на Република Македонија во светот.

„Неговите заслуги не се само во областа на издаваштвото. Како ангажиран интелектуалец, тој со децении се застапува и ги промовира интересите на Република Македонија во Француската Република и франкофонскиот свет. За многу франкофонски автори, творци и креатори на мислење, средбата со Павлевски е и нивна прва непосредна средба со Македонија и со македонскиот светоглед. Во него тие гледаат какви луѓе создава Македонија. И со сето тоа, професорот Павлевски стана македонскиот глас во економските и политички науки во франкофонскиот свет, истакна во обраќањето претседателот Иванов.

Професор Павлевски се заблагодари за доделеното признание од страна на претседателот Иванов.

„а мене овој медал е преважен. Како дете од Македонија, тоа е првпат, после филмот, што добивам такво признание и сум преблагодарен. Ви благодарам од се срце. До толку повеќе што во овие моменти Вие сте еден многу голем претседател и Вашето име, убеден сум во тоа, ќе влезе во историјата на светот. Нема да има книга по политички, социјални науки без да го има вашето име внатре, истакна Павлевски.

Професор Павлевски потекнува од беровското село Ратево, а во 1960 заминува во Франција каде докторирал на Факултетот за правни и економски науки при Универзитетот во Париз. Во својата академска кариера бил професор на Универзитетите во Руен, Казабланка и Сорбона.

Тој е основач на една од петте најголеми издавачки куќи за економско-политичка литература во Европа и светот „Економика“, преку која до сега публикувале над 18.000 автори. Професорот Павлевски е носител на повеќе врвни државни и академски одликувања во Француската Република.

актуелно заслуги иванов македонија професор
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.