Полицијата попладнево по налог на ЈО ја приведе специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Таа е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластуваањата.
Припадници на полицијата претходно извршија претрес во домот на Јанева во Скопје.
Според информации на МИА, наредната локација на која полицијата ќе врши претрес е канцеларија на Јанева во СЈО, по што ќе следи понатамошна судска постапка.
Јанева вчера беше на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет“.
Во 14 часот е закажана прес-конференција во ЈОРМ на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, неговата заменичка Лилјана Спасовска и шефицата на Јавното обвинителство за организиран криминал, Вилма
Русковска.







