Египетската влада го одобри денеска предлогот на претседателот Абдел Фатах ал-Сиси вонредната состојба да се продолжи за уште три месеци, а силите за безбедност убија седум лица поврзани со напади на цркви.
Парламентот едногласно донесе одлука за тромесечна вонредна состојба, со што е проширена моќта на владата да се соочи со непријателите на државата, одговорни за бомбашките напади на цркви во кои речиси 100 лица го загубија животот.
Министерството за внатрешни работи на Египет соопшти дека се убиени седум лица кои се доведуваат во врска со скорешното насилство против христијаните, кое вклучува три бомбашки напади на црква и истрели кон објектите, после што настрадаа стотина луѓе.
Полицијата пронашла засолниште на екстремистите во пустински камп за обука и се обидела да ги уапси. Екстремистите отвориле оган на што силите за безбедност возвратите. До сега се пронајдени седум тела, оружје, војни униформи и мотоцикл.









