Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СДСМ: Шекеринска разрешена, Заев најави ново поглавје
Македонија

СДСМ: Шекеринска разрешена, Заев најави ново поглавје

мај 17, 2021Updated:мај 17, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„СДСМ уште еднаш покажа силно, одлучно, одговорно и државничко однесување, покажа дека е локомотива на напредокот во државата. Темелот на новата политика, промените и новата енергија се обезбедени. Први сме во промените, во вредностите. СДСМ е носител на новото време“, рече лидерот на партијата Зоран Заев по завршувањето на 26. конгрес и првата седница на Централниот одбор за избор на раководни органи и тела на партијата.

Соопштувајќи ги новите кадровски решенија и одлуки, Заев порача дека СДСМ почнува ново четиригодишно поглавје со јасно зацртани цели – европска иднина, економски развој, успешно справување со пандемијата, масовна имунизација, ред, правда и дисциплина, неселективно владеење на правото, европски стандарди дома, реализација на инфраструктурни проекти.

Врвен приоритет, напомена Заев, е и „зелената агенда“, замената на јаглен со гас.

„Силна волја за успешен почеток и завршување на преговорите со ЕУ, добри меѓуетнички и добрососедски односи, се само дел од агендата. Ве уверувам дека наредните четири години СДСМ ќе биде одговорна сила која носи државнички одлуки“, истакна Заев.

Тој информираше дека на конгресот за заменик претседател на партијата е избрана Сања Лукаревска, со 684 гласа „за“ и два против, генерален секретар е Љупчо Николовски, а потпретседатели се Фатмир Битиќи, Мила Царовска, Оливер Спасовски и Венко Филипче.

Секретар за меѓународна соработка е Бојан Маричиќ.

„Денеска СДСМ одржа успешен 26. изборен конгрес, а веднаш потоа ја одржа и првата седница на новоизбраниот Централен одбор. Направивме многу во изминатите четири години и постигнавме значајни успеси – државата ја исправивме на прав пат, на патот на евроинтергациите, челенството во НАТО, обезбедивме иднина, стабилност, интегритет и гордо го штитиме идентитетот. Економијата е стабилна, реформите во правосудството даваат резултат и секојдевно расте довербата во правдата“, потенцираше Заев.

Во однос на Централниот одбор, тој рече дека две третини се нови членови и дека партијата со изборот на членовите направила спој на искуство и нова енергија. Застапени биле, посочи, родовата и возрасната еднаквост.

Во новиот состав имало луѓе, додаде Заев, од различни сфери, кои се докажале во своето делување, а не биле дел од партиските структури: правници, економисти, социолози, медицински лица, лекари, специјалисти…

„Новиот состав на ЦО е доказ дека СДСМ продолжува да се менува. Поставуваме нови стандарди во политичкото дејствување. Овој состав е нова свежина, гарант дека промените во СДСМ не се случајни и стихијни, туку дека се континуитет со кој уште попосветено им служиме на граѓаните и државата. Тимот што победува не се менува, туку го надградува победничкиот менталитет. Таква особина имаат само државотворните партии. Составот е спој на искуството и нова енергија, содржи континуитет и нови лица. Со ова правиме значајно освежување на најзначајниот орган, но го задржуваме искуството. Од 120 членови, 60 се жени и 60 мажи, целосна родова еднаквост. Млади се вкупно 45 члена или 37,5 проценти што е највисок процент во која било партија во државата“, нагласи Заев.

Тој подвлече и дека има припадници од сите етнички заедници, што ја прави партијата уникатна.

За претседавач на ЦО е избран Перо Костадинов, актуелниот градоначалник на Валандово, додека членови на Извршниот одбор се Ана Данева Маркова, Стефан Богоев, Нина Фити, Димитар Ковачевски, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Андријана Будимир, Благој Бочварски, Рената Јајоска, Петре Шилегов, Софија Пејкова, Мухамед Зекири, Мелиса Ценовска Серафимовска, Никица Бачоски, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Јована Трпчевска и Васко Ковачевски. Организациски секретар е Мартин Попов.

На новинарско прашање за неговата заменичка Лукаревска, Заев напомена дека со нејзиниот избор СДСМ испраќа силна и недвомсилена порака дека гради човечки капацитет, но ја запазува и родовата еднаквост, дека ги вреднува младоста и квалитетот.

„Уверен сум дека високата поддршка што ја доби Лукаревска ќе биде доволен мотив да одговори на предизвиците што ги носи партиската должност“, потенцираше лидерот на СДСМ.

актуелно Зоран Заев конгрес НАТО сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.