Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Промоција на „Изгубено детство“ од Шела Алтарац – штипјанка која го преживеала холокаустот
Култура

Промоција на „Изгубено детство“ од Шела Алтарац – штипјанка која го преживеала холокаустот

јануари 26, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По повод Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот – 27 јануари, Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА), во соработка со невладината организација „Акта нон верба“, денеска ќе промовира мемоари на преживеаната Шела Алтарац, родена во Штип, која била собрана во Монополот со останатите штипски, битолски и скопски Евреи, кои подоцна биле депортирани во Треблинка.

Нејзината трогателна приказна за преживувањето во тешките денови на Втората светска војна се документирани во мемоарите „Изгубено детство“, каде што во детали ги објаснува чувствата и предизвиците од трагичните моменти на нејзиното детство. Таа денеска живее во Израел, со своите деца и внуци.

ИДКНА (Одделот за холокауст образование и истражување) и невладината „Акта нон верба“ ги објавија нејзините мемоари во книгата „Изгубено детство“ на четири јазици – македонски, албански, англиски и хебрејски.

На промоцијата, како што соопшти ИДКНА, со кратко видео ќе се обрати и авторката Шела Алтарац, а обраќање ќе има и првиот вицепремиер Артан Груби.

Институтот соопшти и дека во соработка со израелскиот амбасадор Дан Оријан, утре на МТВ2 во 22:30 часот ќе биде прикажан документарниот филм „Земете го девојчето“, посветен на Шела Алтарац, а направен од Меморијалниот центар „Јад Вашем“ од Ерусалим. На МТВ1 во 16 часот, пак, ќе биде прикажан филмот „Пица од Аушвиц“.

Датумот 27 јануари Собранието на Обединетите нации во 2005 година го изгласа со резолуцијата 60/7 како Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од холокаустот. За време на холокаустот беа убиени шест милиони Евреи, од кои 7144 од Македонија.

изгубено детство промоција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026

Бугарија победи на Евросонг 2026

мај 18, 2026

Почнува јубилејниот 70. Евросонг

мај 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.