Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Протоколот за НАТО помина во Комисијата на францускиот Парламент
Македонија

Протоколот за НАТО помина во Комисијата на францускиот Парламент

ноември 20, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денеска со многу убаво мнозинство помина ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО во Комисијата во францускиот Парламент и се очекува утре да помине на пленарна седница. За Шпанија не би сакал да ги ставаме баш под лупа, се разбира дека има огромна политичка волја и таа последна ратификација да се финализира за конечно НАТО да добие 30-та земја членка.

Ова денеска во Брисел го изјави шефот на дипломатијата Никола Димитров, кој учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Алијансата, што претставува последна подготовка за лидерската средба на Североатланскиот пакт што ќе се одржи во Лондон на 3 и 4 декември.

„Мислам дека е неблагодарно сега да прогнозираме кога ќе формираат влада иако тие имаат автентичен изворен интерес тоа да го направат побрзо. Битно е дека сме тука, учествуваме во работата веќе како да сме членка, порача Димитров.

Рече дека ги видел просториите на идната мисија на Република Северна Македонија во Алијансата и, како што рече, околу нас е Секретаријатот на Алијансата и имаме стратешки поглед на главниот влез на Алијансата.

„Ова е мое второ учество како поканета земја во својство на министер за надворешни работи, првиот ми беше во април на роденденот на Алијансата во Вашингтон. Тука сме да разговараме за темите за коишто се актуелни во НАТО, безбедноста 360 степени, рамноправно споделување на товарот во смисла и на финансии и на учество во мисии, геополитичката ситуација во светот и односите со другите актери, справување со хибридни закани. Овој министерски состанок е пред се во насока на лидерскиот состанок на 3 и 4 декември во Лондон и во таа смисла ќе разговараме за финалната изјава што ќе излезе од лидерите на 4 декември во Лондон, истакна Димитров.

Најави дека ќе оствари повеќе билатерални средби меѓу кои и со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, како и со многу други, меѓу кои и со новиот заменик на генералниот секретар Мирчеа Џоана, за кого рече дека е долгогодишен пријател на македонската приказна.

Во врска со тоа ккао во Брисел поминува предлогот на Франција за редефинирање на преговарачкиот процес, рече дека синоќа околу тоа прашање имал неколку разговори со министри од земјите членки кои беа на Советот за општи работи.

„Состанокот поминал во добра атмосфера, има апсолутен консензус дека местото на сите земји од Западен Балкан е во ЕУ како членки и мислам дека на пат сме наместо едни наспроти други земјите да работат заедно да создадеме услови за успех и наш, и на регионот и на Европската унија. Со тоа што мислам дека треба повеќе да работиме, а помалку да ветуваме, посочи Димитров.

 

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно Комисија НАТО парламент протокол француски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.