Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Рамос за МИА: Нема да запреме сè додека не го најдеме Мартин
Хроника

Рамос за МИА: Нема да запреме сè додека не го најдеме Мартин

јули 21, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Потрагата по Мартин, кој на 9 јули исчезна во морето кај Посиди на првиот крак на Халкидики, продолжува и денеска, спасувачите волонтери не запираат со потрагата, а претседателот на грчкиот волонтерски спасувачки тим ОФКАТ, Христос Рамос во разговор со дописничката на МИА од Атина вели дека нема да запрат сè додека не го најдат исчезнатиот.

Членовите на ОФКАТ од прв момент се на терен, секојдневно веќе 13-ти ден пребаруваат во различни делови, како на копно, така и во вода, а нивната потрага продолжи и по завршувањето на официјалната потрага што ја водеше Крајбрежната служба на Грција.

„Секако дека и денеска продолжува потрагата и нема да заврши сè додека не го најдеме Мартин. Оваа изјава ја дадов уште од самиот почеток и е ветување што му го дадов на семејството на Мартин, истакна Рамос за МИА.

Од ОФКАТ, на нивниот официјален Фејсбук профил вчера објавија фотографија од црни шорцеви, најдени во близина на Катерини, слични на оние на Мартин. Фотографијата им ја испратил граѓанин, кој, за жал, не ги задржал шорцевите.

„Не успеавме да го најдеме костимот за капење. За жал човекот кој го фотографирал не го земал. Ние бевме на местото каде што ни кажа човекот, заедно со хотелот го пребаравме целиот дел, во трските, ѓубрето, но не го најдовме, рече Рамос.

Претседателот на ОФКАТ, за МИА објасни дека со оглед на тоа што шорцевите биле во близина на Катерини, потрагата се префрли во конкретниот дел, односно вчера биле во делот на Макријалос, Метони, Аликес од страната на Катерини, а денеска ќе пребаруваат од спротивната страна, односно во Солунскиот Залив во делот на Епамони, Каликратија, Созополи, Ираклија…

Во потрагата по Мартин помагаат и лица од Северна Македонија, со дрон и спасувачи кои пребаруваат на друга локација.

Во попладневните часови на 9 јули започна спасувачка акција кога тројцата државјани на Северна Македонија влегле во морето на плажата Мити во Посиди на првиот крак на Халкидики, а поради лошото време се нашле во беспомошна ситуација и се оддалечиле од брегот.

Еден од тројцата пријатели, 25-годишниот Васил беше спасен истиот ден по поминати околу два часа во вода, додека пак ден подоцна, по околу 20 часа во морето, беше пронајден и 30-годишниот Иван, додека пак потрагата по третиот пријател, Мартин, продолжува веќе 13 дена.

Иако вообичаена пракса на грчката Крајбрежна служба е потрагата да трае 72 часа, односно три дена по исчезнувањето, овој рок беше продолжен по официјалното барање од македонска страна и телефонскиот разговор меѓу шефовите на дипломатиите на двете земји Бујар Османи и Никос Дедниас.

Официјалната потрага на Крајбрежната служба на Грција заврши минатиот четврток, а акцијата продолжи и продолжува од волонтерски спасувачки тимови.

 

 

МИА

актуелно Мартин потрага рамос
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.