Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Реакции за нацрт-концепцијата за основно, според надлежните ќе има широка консултација за најдобро решение
Во Фокусот

Реакции за нацрт-концепцијата за основно, според надлежните ќе има широка консултација за најдобро решение

декември 25, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нацрт-концепцијата за основно образование за која надлежните тврдат дека предвидува издржани реформи што водат кон поквалитетно образование, предизвикува реакции од институции и здруженија кои сметаат дека треба да се подготви нова низ долготраен процес и преку сериозна стручна и
академска расправа.

По реакциите на историчарите, наставниците по географија и по музичко образование, вчера, ден по презентацијата на концепцијата од Министетството за образование и наука, со реакции се огласија и ликовните педгози и институтите за педагогија и за социологија при Филозофскиот факултет на УКИМ.

Институтит за социологија соопшти дека пристапот е несериозен и дека продолжува, како што наведе „вообичаената практика на нетранспарентно реформирање на нашето образование“

„Апелираме реализацијата на оваа концепција да се запре, за да се избегнат катастрофалните последици од нејзината имплементација. Иницијалните идеи во новата концепција се добри, но за нивно имплементирање е потребно многу повеќе време, многу повеќе ресурси–човечки и општествен капитал. Она што е клучно при правењето вакви сериозни реформи е дека е неопходно да се консултира македонската научна елита. И, конечно, кога ќе се постигне согласност околу
содржината на реформите и методологијата за нивната операционализација, да се остави подготвителен период од најмалку пет до десет години“, беше наведено меѓу другото во реакцијата на Институтот за социологија.

Институтот за педагогија на УКИМ вчера соопшти дека со мнозинство гласови членовите донеле заклучок дека не може да се прифати понудената концепција за основно образование затоа што сметаат дека има методолошки и дидактички недоследности и решенија кои не соодветствуваат на нашата воспитно-образовна и општествена реалност.

„Имплементацијата на оваа концепција може да предизвика сериозни проблеми во сферата на образованието. Од овие причини, треба да се запрат активностите во врска со концепцијата и да почне процес на сериозна стручна и академска расправа која ќе резултира со нова концепција“, беше наведено во реакцијата на овој Институт.

Овој став не го поддржува раководителката на Институтот за педагогија проф. д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ која наведе дека со нејзина колешка се дел од работната група за изработка на предлог-концепцијата и двете, како што истакна во дополнето соопштение, во целост стојат зад неа.

Иницијативниот одбор на ликовни педагози и Детскиот ликовен центар-Скопје во допис иаскажаа став дека со идејата за спојување на ликовно и музичко во еден предмет ќе се изгуби суштината на двата предмета, дека ликовно образование е посебен предмет кој ја развива креативноста, има свои специфични наставни содржини и не може да се поврзува со изборните предмети.

„Со новата концепција тој е поставен на маргините на образованието со тенденција да се укине. Предложената идеја Ликовно и Музичко да се спојат во еден курикулум сè до крајот на основното образование ќе доведе до неможност да се реализира. Во неколку европски програми постои таков пристап, но главно секаде спојувањето е ограничено на првите три одделенија. Не постои европска земја каде овие два предмета
се во еден сè до крајот на основното образование“, реагираа наставници по ликовно.

Премиерот Зоран Заев и министерката за образование Мила Царовска во одвоени изјави ја потенцираа неопходноста и очекуваната ефикасност на понудената концепција и дека при подготовката ќе бидат консултирани сите засегнати, почнувајќи  од учителите и наставниците, универзитетски професори и академиците.

Според премиерот, основното образование мора да се реформира зашто децата учат многу непотребни работи кои го скратуваат нивното внимание во другите активности.

актуелно консултација нацрт-концепција основно образование реакции
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.