Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Времето денеска сончево и топло

јуни 26, 2026

Во трговски центар во Москва се отвора првиот затворен рибник во светот

јуни 26, 2026

Драматична пресметка на републиканците: Трамп и сенаторот Касиди си размениле високи тонови во жестока расправија

јуни 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Времето денеска сончево и топло
  • Во трговски центар во Москва се отвора првиот затворен рибник во светот
  • Драматична пресметка на републиканците: Трамп и сенаторот Касиди си размениле високи тонови во жестока расправија
  • Рибарите ќе добиваат 5,33 евра за килограм, за лов на отровната риба во Грција
  • Бројот на жртвите од зејотресот се искачува на 235 загинати
  • Роналдињо на 46-годишна возраст потпиша за Равена
  • Нови правила за влез во ЕУ за дел од возачите од 1 јули
  • Температури до 38 степени, попладне можно локално невреме
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Рибарите ќе добиваат 5,33 евра за килограм, за лов на отровната риба во Грција
СВЕТ

Рибарите ќе добиваат 5,33 евра за килограм, за лов на отровната риба во Грција

јуни 26, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Мерката е по примерот на Кипар, каде што рибарите добиваат 4,73 евра за килограм, а во Грција овој надомест е малку повисок.

Конкретната иницијатива е во рамките на првиот пакет од седум мерки за поддршка на грчкото рибарство, чија цел е итно справување со сериозните предизвици со кои се соочува секторот, а беше соопштена од министерот за земјоделство и храна на Грција по средбата со претставници на организациите на рибарите.

Схинас посочи дека грчкото рибарство во последните години се наоѓа во тешка состојба, секторот е погоден од енормно високите цени на горивото, под закана е од климатските промени, но и од разни видови риби меѓу кои и Lagocephalus sceleratus, што како што рече, веќе претставува реална опасност за морињата.

Објасни дека ќе се спроведе пилот-програма за улов на конкретната риба, првично во јужниот дел на Егејското море и кај Крит, каде што, според научните процени, проблемот е најизразен, а субвенцијата за улов ќе изнесува 5,33 евра за килограм.

– Нагласувам дека овој износ е чист надомест за рибарите. Не се вклучени трошоците за ладење и уништување на рибите, што ќе ги покриваат локалните власти. Сакам да истакнам дека ова е првпат во Грција да се воведе ваква мерка, но ја спроведува Министерството за земјоделство и храна во рамките на ограничените можности со кои располага. Мојата амбиција е оваа пилот-програма во иднина да се прошири и да ги опфати сите грчки мориња, во рамките на поширокиот еколошки пристап за заштита на морската средина, објасни Схинас.

Останатите мерки за поддршка на грчките рибари што ги соопшти министерот предвидуваат: субвенции за нафтата во периодот од април до јуни; план за обесштетување на рибарите чии активности ќе бидат ограничени поради изградбата на морски паркови; можност за модернизација на рибарските чамци преку новата Заедничка политика за рибарство на ЕУ; како и нов систем за организација на рибарите.

За морската риба што е отровна и забранета за консумација, а која е сè поприсутна во грчките мориња, генералниот секретар во Министерството за земјоделство и храна Спирос Протопсалтис во саботата, како што објави МИА, говорејќи за државната телевизија ЕРТ нагласи дека нема простор и причина за паника кај капачите, бидејќи во Грција бил регистриран само еден случај на каснување во 2022 година на Крит, а тоа што пишуваат медиумите дека напаѓа капачи, нагласи дека се лажни вести.

Објасни дека рибата во 2005 првпат била откриена кај Родос и Крит, дошла од Суецкиот канал и Црвеното море, сака потопла вода, а со зголемувањето на температурата на морето, многу брзо се шири, што предизвикува загриженост, додека пак најголемиот проблем е што не ја јадат другите риби во Медитеранот, но и дека им нанесува штета на рибарите, односно поради силните заби ги оштетува рибарските мрежи, јадиците и другата опрема.

актуелно лов отровна риба рибари
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Времето денеска сончево и топло

јуни 26, 2026

Во трговски центар во Москва се отвора првиот затворен рибник во светот

јуни 26, 2026

Драматична пресметка на републиканците: Трамп и сенаторот Касиди си размениле високи тонови во жестока расправија

јуни 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.