Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » РКЕ достави предлог за проширување на категориите на ранливи категории
Економија

РКЕ достави предлог за проширување на категориите на ранливи категории

декември 19, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги достави до Министерството за економија предлог за проширување на категориите на ранливи потрошувачи.

Како што соопшти Комисијата, станува збор за иницијатива на РКЕ, која предлогот го подготви во соработка со Електродистрибуција, по препорака на Енергетската заедница со цел да се намали енергетската сиромаштија кај домаќинствата кои не се во целосна финансиска кондиција да ги подмират сметките за електрична енергија.

„Предлогот опфаќа принципи врз основа на кои може да се дефинираат критериуми по кои ќе се утврдат потрошувачите, односно домаќинствата кои ќе влезат во категоријата на ранливи потрошувачи“, наведуват од Комисијата.

„РКЕ предлага дополнително да се опфатат и следните категории на потрошувачи коишто би користеле енергетски ваучер и тоа: домаќинства кои добиваат постојана социјална парична помош согласно закон, домаќинства во кои нема ниту еден вработен, кои не се корисници на постојана социјална парична помош и немаат друг извор на приходи; домаќинства кои имаат невработено лице, корисник на паричен
надоместок во случај на невработеност од Агенцијата за вработување, кој се движи во висина на постојана социјална парична помош и истиот е единствен приход на домаќинството; домаќинства со повеќе од два члена во кои има еден пензионер што добива минимална пензија (прва група) и истата е единствен приход на домаќинството; домаќинства со повеќе од два члена во кои има само еден вработен со минимална плата, чиј износ се движи во висина на постојана социјална парична помош и нема други приходи во домаќинството; домаќинства кои имаат невработено лице од 1 април 2020 година, корисник на паричен надоместок во случај на невработеност од Агенцијата за вработување, кој се движи во висина на постојана социјална парична помош и во домаќинството има дополнителен приход во висина од минимална плата, заклучно со периодот на тарење на пандемијата. Со ова, практично и формално ја започнуваме иницијативата со која сакаме да го зголемиме опфатот на домаќинствата кои не можат во целост да ги подмират фактурите за електрична енергија, или поголем дел од нивните приходи одат за плаќање на фактурите. Целта е преку субвенционирање на одредена сума од страна на државата да се надмине овој проблем“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

„Проширувањето на постојните групи на ранливи потрошувачи е иницијатива која е заснована врз начелата кои Секретаријатот на Енергетската Заедница со седиште во Виена ги промовира за социјална енергетска заштита на ранливите потрошувачи“, посочуваат од РКЕ.

Неодамна, директорот на Секретаријатот, Јанез Копач, укажа дека неопходно е да се обезбеди заштита на ранливите потрошувачите.

Во телефонскиот разговор кој Копач го имаше со Бислимоски пред неколку месеци посочи дека националното законодавство опфаќа и правила кои се однесуваат на енергетска сиромаштија во која се дава можност на државата да субвенционира дел од фактурите за потрошена електричнаенергија за најранливите категории.

„Дополнително треба да се разгледа можност да се воведе привремена мерка која ќе значи проширување на опфатот на потрошувачи кои ќе влезат во групата за субвенционирање на сметки со вклучување на граѓани кои се директно економски погодени од здравствената криза на пример оние граѓани кои останале без примања. Но тоа не значи дека секој треба да добие помош. Државата не треба да ги субвенционира фактурите за електрична енергија на највисоко платените менаџери и
други граѓани со високи примања, кои се субвенционирани со нереално ниски цени на електрична енергија во моментов, изјави Копач (август 2020 година)“, се наведува во соопштението од РКЕ.

актуелно предлог проширување ранливи категории рке
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.