Руски хакери ја искористија иранската операција за сајбер шпионажа за да нападнат владини и индустриски организации во 20 земји, така што се добива впечаток дека сајбер нападите доаѓаат од Исламска држава, тврдат американски и британски официјални лица.
Руската хакерска група позната како „Турла“, која естонските и чешките власти ја обвинуваат дека дејствува во име на Сојузната руска служба, ја искористила иранската инфраструктура и успешно хакирала организации во најмалку 20 држави во последните 18 месеци, наведуваат официјални лица од британските безбедносни служби.
Тие додаваат дека хакерите најактивни биле на Блискиот исток, но дека на мета им биле и организации во Велика Британија, пренесува Ројтерс.
Пол Ќиќестер, висок претставник на британската разузнавачка агенција Државен комуникациски штаб, вели дека хакерите работат во „прилично пополнет простор“ и дека развиваат нови методи за напад за подобро да ги прикријат трагите.
Во заедничко соопштение со американската Национална безбедносна агенција, британскиот центар за сајбер безбедност сака да ја подигне свеста за тие активности и да им ги отежни нападите на своите непријатели.
„Сакаме да испратиме јасна порака дека дури и кога напаѓачите се обидуваат да го скријат идентитетот, имаме можност да ги идентификуваме“, рече Чичестер, директорот на операции на Националниот центар за сајбер безбедност.
Руските и иранските официјални лица не одговорија на молбата за каков било коментар, но и Москва и Техеран во повеќе наврати ги негираа обвинувањата за хакирање кои доаѓаат од Запад.
А Западот ги сврстува Русија и Иран меѓу најопасните закани во интернет просторот, покрај Кина и Северна Кореја.
Засега нема докази за поврзаност на „Турла“ со иранската хакерска група „АПТ – 34“, чии алатки превземала, а за која се тврди дека работи за иранската влада.
„Најверојатно дека руските хакери се инфилтрирале во инфраструктурата на иранските колеги, за да направат се дека нападите доаѓаат од таа група, што нивните жртви тоа и го очекуваат“, потенцираше Чичестер.







