Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Рускоска: Не сум задоволна од законот што е донесен
Македонија

Рускоска: Не сум задоволна од законот што е донесен

декември 20, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Како обвинител кој вложил многу труд, многу работа во предмет, но и како граѓанин на оваа држава не сум задоволна од Законот за амнестија, изјави Јавната обвинителка Вилма Рускоска по завршување на денешното рочиште за случувањата од 27 април минатата година во Собранието на Република Макеоднија.

„Преквалификација нема да има за тие обвинети што не се опфатени со амнестијата, затоа што не важи амнестијата за целото кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. А, како ќе стигнуваат барањата за амнестија, така ќе се одлучува поединечно по истите, со тоа што навистина во Законот е предвидено дека одлуката ја носи судот по претходно прибавено мислење на јавниот обвинител и тоа е добро што е така затоа што е многу подобро отколку комисија да формираа во Собранието, па амнестијата да ја одредуваат тие за кого да важи, а за кого да не важи. Сепак, обвинителот најдобро го знае предметот, а и судот кога ќе се комплетира доказната постапка, изјави Рускоска.

Посочи дека, според нејзино мислење, Законот не е сосема точно, прецизно донесен, така што најави дека ќе има консултации со јавниот обвинител на Република Македонија и со колегите од ЈОРМ.

Прашана дали ќе бидат земени во предвид доказите од обвинетите, Рускоска рече дека сите докази, било предложени од обвинителството, било предложени од одбраната, ќе се земаат предвид при одлучувањето.

Нагласи дека клучен е судот за тоа кој ќе добие, а кој нема да добие амнестија.

„Обвинителството само дава свое мислење, рече Рускоска.

Прашана што ќе се случи, доколку одлучи никого да не амнестира, Рускоска, рече дека не може никого да не амнестира.

„Не можам да речам никого да не амнестирам, значи јас како обвинител морам да го почитувам Законот. Ако не го почитувам Законот и јас правам кривично дело, рече Рускоска.

Прашана дали може дел од обвинетите да се товарат за друго дело, што не е амнестирано со Законот, обвинителкта Рускоска рече дека и за тоа исто така ќе одлучи со Јавниот обвинител на РМ.

„Тој член став 1 се однесува на организаторите. Ако некој е организатор, тој одговара и за делата кои ги сториле тие што тој ги организирал, така што може евентуално некој да биде обвинет и за „здружување за непријателска дејност“, а сепак му останува и кривичното делот „терористичко загрозување на уставен поредок и безбедноста“, појасни Рускоска.

Во однос на нарачателите, појасни дека тие се споменати во Законот за амнестија во делот кој кажува кој нема да потпадне под Законот за амнестија, а тоа се организаторите и нарачателите.

„Тие не спаѓаат во лица кои можат да бидат амнестирани. Тоа е едно исто само се употребуваат различни термини. Јас го употребувам терминот „организатори“, вие „нарачатели“, Собранието употребува друг термин итн. Тие што според Закон мора да бидат амнестирани ќе бидат амнестирани, постапките ќе си продолжат за останатите кои нема да потпаднат под овој закон, изјави Рускоска.

актуелно амнестија закон незадоволство рускоска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.