Полицијата во Нешвил во американската сојузна држава Тенеси почна потрага по 29-годишно момче кое влезе гол во ресторан на популарниот ланец „Вафл хаус“ и од автоматска пушка стрелал во гостите и вработените.
Според информациите, на место убил тројца, а ранил четири лица.
Еден од гостите во угостителскиот објект успеал да му го отргне оружјето од раце и така да спречи уште поголема трагедија.
По инцидентот убиецот се дал во бегство по улиците на населеното место Антиоч кое е предградие на Нешвил. На себе имај само зелена виндјакна, но и неа ја фрлил при бегството.
Нападот бил извршен околу 3.25 часот утринава.
Локалните медиуми јавуваат дека напаѓачот е идентификуван како Трејвис Реинкинг од Мортон, град во сојузната држаба Илиноис, а полицијата ја објави неговата фотографија.
Причините за нападот засега не се познати.








