Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Светот укинува, Бразил допрва воведува забрана за излегување
СВЕТ

Светот укинува, Бразил допрва воведува забрана за излегување

мај 6, 2020Updated:мај 6, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Главниот град на федералната држава Марањао, една од најсиромашните во Бразил, во тропскиот предел, со население од 7,1 милиони, е прв што воведе забрана за излегување во таа голема јужноамериканска земја.

Со надеж дека ова ќе спречи пандемијата на коронавирус да го надмине здравствениот систем, 1,5 милиони луѓе во градот Сао Луис и три соседни од ноќеска не смеат да излегуваат од своите домови, освен да купуваат намирници и лекови.

Училиштата, како и голем број фирми се затворени, а јавниот превоз не функционира.

Полицијата ги блокираше патиштата и главните улици, а оној што ќе биде затекнат надвор треба да докаже дека извршува дозволена работа и да покаже сметка од продавница или аптека.

Блокадата беше воведена и покрај инсистирањето на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро дека само постарите лица и оние кои се во ризичната група треба да останат дома.

Болсонаро и неговите следбеници во повеќе наврати ги критикуваа локалните власти за наметнувањето ограничувања врз основа на тоа како се  зголемуваше бројот на новозаразени  случаи од коронавирус.

Минатата недела стравувањата од затворањето во домовите предизвикаа паника во продавниците во Марањао, иако прехранбените и сега работат.

Со 7,1 милиони жители, државата Марањао потврди 4.227 случаи на заразени, претежно во Сао Луис и околината. Забраната за напуштање на домовите беше прогласена токму кога овие случаи ги преплавија градските болници.

Експертите велат дека недоволното тестирањето во Бразил значи дека официјалните податоци не се прецизни.

Кога започна пандемијата, Марањао имаше само 232 легла на интензивна нега за пациенти со Ковид-19 и тоа само во три града, а потоа одделенијата беа опремени со 761 кревет и основна опрема во ограничен обем во 11 градови.

Во март, повеќето бразилски гувернери им препорачаа на граѓаните да останат дома, но главно немаше казни доколку излезат.

Покрај тоа, работеа многу дејности, дури и продавници за автоделови и за градежни материјали и градежништвото во целина, но заразата се ширеше.

Затоа новата забрана во Сао Луис предвидува казни до 360 долари за оние кои ќе излезат надвор без добра причина.

И гувернерот на Рио де Женеиро Вилсон Вицел сега размислува за забрана за излегување на  населението, но само таму каде што се „жариштата“ во градот од 6,2 милиони жители, пишува весникот „О Глобо“.

Наспроти тоа, гувернерот на државата Санта Катарина, Карлос Моис, сојузник на претседателот Болсонаро, започна да ги олабавува ограничувањата и на 22 април го отвори трговскиот центар во Блуменау, по што бројот на заразени од Ковид-19 таму набрзо се зголеми.

Како и на друго место, дебатата околу одговорот на пандемијата во Бразил е политичка.

Болсонаро ги критикуваше гувернерите дека претерале со ограничувањата и додека бараше да ги укинат тој во повеќе наврати беше во судир со судовите, како дел од се поголемите недоразбирања меѓу централните и другите бразилски институции.

Така, на еден судија дури му се закануваше смрт поради потпишување налог да не се излегува надвор во државата Марањао. паг/

Бразил воведување корона вирус мерки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје

октомври 26, 2026

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.