Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Светска банка ќе го поддржи приватниот сектор
Македонија

Светска банка ќе го поддржи приватниот сектор

септември 14, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од своите соработници, денеска се сретна со делегација на Меѓународната финансиска групација (ИФЦ), дел од Светска банка, предводена од Вебке Шлумер, регионална директорка за Европа и Централна Азија, која беше придружувана од регионалниот директор за Централна и Југоисточна Европа, Томас Лубек.

Премиерот Заев на директорката Шлумер, која за прв пат ја посетува Македонија, и посака добредојде. Тој искажа големо задоволство поради нивното присуство пред историскиот момент за одржувањето на референдумот на 30 септември, кога македонскиот народ ќе покаже единство и ќе ја донесе одлуката за напредок на земјата, со исполнување на евроатлантските интеграции.

Истовремено, со Шлумер се согласија дека иднината на Македонија, како идна членка на НАТО и ЕУ, на граѓаните и домашните компании им отвора можност да се претстават на пазарот каде има повеќе од 500 милиони потрошувачи.

Директорката Шлумер, со премиерот Заев разговараше за потенцијалите на Република Македонија и искажа отворена поддршка на групацијата ИФЦ за интензивирање на финансирањето проекти во приватниот сектор и во подобрувањето на снабдувањето со електрична енергија, особено во полето на обновливите енергетски ресурси.

Претставничката на ИФЦ, посебно се осврна на важноста на  поддршката на приватниот сектор преку поврзување на странските директни инвестиции со домашните компании, на што премиерот Заев додаде дека Владата преку проекти е посветена на охрабрување на локалните компании, на младите луѓе, за имплементирање на нивните бизнис идеи со следење на модерните и иноваторските технологии.

Премиерот Заев информираше дека Владата презема конкретни мерки за мотивирање во приватниот сектор, подобрување на конкурентноста со цел да бидат отворени нови, добро платени работни места, кои ќе ги задржат младите да работат во нивната татковина.

Шлумер додаде дека ИФЦ ги разгледува можностите и за поттикнување на развојот на микро, мали и средни претпријатија преку олеснет пристап до финансии, потенцирајќи дека поддршката е во насока на трендот на подобрување на економијата во земјата и преку создавањето услови за нови пазари да се отворат перспективите не само на граѓаните на Македонија, туку и на регионот.

„Вашата поддршка ја цениме, ние создаваме услови за искористување на нашите потенцијали, ги поддржуваме домашните претпријатија и одржувајќи добрососедски односи сакаме заедно, со земјите од регионот да освојуваме нови пазари“, подвлече премиерот Заев на средбата, охрабрувајќи ги претставниците на Меѓународната финансиска групација, ИФЦ, активно да ја следат се поинтензивната регионална соработка помеѓу државите на Западен Балкан, при што нивната поддршка би била од огромно значење во помагање на заедничкото настапување на регионот на европските и светските пазари.

актуелно Заев македонија приватен сектор Светска банка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.