Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ бара единствено бегство од законот за сите обвинети
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ бара единствено бегство од законот за сите обвинети

септември 11, 2019Updated:септември 11, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Тимот на СДСМ на синоќешната лидерска средба понудил формирање нова обвинителска институција што ќе гони висока корупција за сите нови случаи, како што соопштуваат од СДСМ, за да се гарантира правната држава, а предложиле и првиот човек на таа институција да го предлага опозицијата, но и тоа било одбиено од ВМРО-ДПМНЕ.

– Додека сите граѓани очекуваа договор во интерес на правната држава, Христијан Мицкоски на вчерашната лидерска средба безобразно и во груевистички стил го бранеше криминалот на режимот барајќи сите предмети од СЈО да ја изгубат својата иднина. Тимот на СДСМ предводен од претседателот Заев им понуди формирање нова обвинителска институција која ќе гони висока корупција за сите нови случаи за да се гарантира правната држава, но нив тоа не ги интересираше бидејќи бараа
единствено бегство од законот за сите обвинети од нивната режимска структура.

Предлогот беше прв човек на таа нова обвинителска институција да предлага опозицијата, но и тоа ВМРО-ДПМНЕ го одби, соопшти СДСМ.

Според СДСМ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Антонио Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ доцна во ноќта неуспешно се бореле, како што наведуваат, „да го спасат криминалот на режимот“.

– Груевски прво го избра Мицкоски со единствена задача до последен здив да го штити, сега од Будимпешта нарачува и подобен обвинител.

Граѓаните и сигурната иднина не смеат и понатаму да бидат заложници на азилантот кој од таму му дава инструкции на едократниот Мицковски.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе одговараат пред граѓаните за загрозување на правдата и за загрозување на европскиот пат на нашата земја. Повеќе од две години како опозициска партија и 11 години претходно како режимска власт, ВМРО-ДПМНЕ е најголемата штета за Северна Македонија на патот до правда и до Европската унија, се вели во соопштението од СДСМ.

Заев и Мицкоски на лидерската средба ноќеска не успеаја да најдат решение за Законот за јавното обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство. Новинарските екипи по два часот по полноќ го напуштија Собранието и не го дочекаа исходот од лидерската средба.

Клучната разлика околу која се кршеа копјата меѓу двата тима беше судбината на предметите на СЈО.

Од средбата се очекуваше решение за Законот за ЈО кој треба да се донесе најдоцна до 15 септември со двотретинско мнозинство во Парламентот. Законот е во собраниска процедура и е почната амандманската расправа за него.

До 15 септември завршува и мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која е во притвор како осомничена во случајот „Рекет“.

Јанева со известување од затворот даде овластување сите предмети од СЈО да преминат во Јавното обвинителство. Оттаму потврдија дека испратиле допис до СЈО за преземање на предметите.

актуелно вмро-дпмне закон обвинители сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.