Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СДСМ со 3,3 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ, според анкетата на НДИ
Политика

СДСМ со 3,3 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ, според анкетата на НДИ

април 2, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

СДСМ води со 3,3 отсто пред ВМРОДПМНЕ, покажуваат резултатите од анкетата на Националниот демократски институт, која е спроведена во периодот пред да се одложат изборите.

На прашањето за кого ќе гласате доколку изборите се одржат денеска, 22,9 отсто од анкетираните се определиле за СДСМ, а 19,6 отсто се изјасниле за најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ доби поддршка од 7,2 отсто, Алтернатива и Алијансата имаат 5,8 проценти, додека за Беса се определиле 1,7 отсто од анкетираните.

Ист процент од 1,7 доби и Левица.

Четириесет и три отсто од испитаниците се изјасниле дека СДСМ треба да го заврши тоа што го почнала, а 47 отсто од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ не заслужува да победи на изборите.

Кај политичките лидери граѓаните одговарале за нивната наклонетост, при што за лидерот на СДСМ Зоран Заев се определиле 44 отсто, додека Христијан Мицкоски има 25 проценти.

Во истражувањето е забележана загриженост на граѓаните за домашните прашања како корупцијата и нивната континуирана поддршка за реформите кои ќе ја приближат земјата до Европската унија.

Во истражувањето исто така е забележано дека граѓаните имаат чувство дека земјата се соочува со недостиг на напредок, такво мислење имаат 74 отсто од етничките Македонци и 57 отсто од Албанците.

Анкетата е спроведена во февруари/март 2020 година пред појавата на падемијата на Ковид-19, пред формализирањето на членството на Северна Македонија во НАТО на 19 март и пред одлуката на 24 март за почеток на преговори со ЕУ, на примерок од 1.212 испитаници, а маргината на грешката е +/- 2,81 проценти.

Осумдесет и два отсто од испитаниците дале поддршка за влез на земјата во Унијата, три од десет испитаници го поддржале Преспанскиот договор, а 58 отсто се согласиле дека Договорот бил неопходен за придвижување на евроатлантските интеграции на Северна Македонија.

„Граѓаните на Северна Македонија бараат од Владата да ја искорени корупцијата и да ги адресира економските предизвици“, изјави Роберт Бенџамин, регионален директор на НДИ за Централна и Источна Европа.

Од институциите најголема поддршка добил претседателот на државата – 35 отсто, а најмала доверба граѓаните имаат во правосудниот систем – 12 отсто

актуелно вмро-дпмне НДИ сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.