Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Се интензивира изборната кампања за парламентарните избори на 15 јули
Македонија

Се интензивира изборната кампања за парламентарните избори на 15 јули

јуни 29, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Изборната кампања продолжува со несмалено темпо. Носителите на кандидатските листи го продолжуваат претставувањето пред граѓаните на мини собири и средби со граѓаните, како и на социјалните мрежи и на електронските медиуми. Изборните штабови веќе презентираа и дел од спотовите подготвени за оваа кампања.

Државната изборна комисија вчера ги усвои и задолжителните препораки за гласањето согласно мерките за заштита од Ковид-19 и тоа за три дена од гласањето, 13 јули – за лицата со Ковид-19 и во самоизолација кои ќе се пријават за гласање, за 14 јули кога во своите домови ќе се изјаснуваат болните, немоќните и хронично болните, како и за денот на гласањето на 15 јули.

Караванот на Коалицијата „Можеме“ денеска ќе ги посети општините Гевгелија (19:00) и Арачиново (20:30). Во текот на вчерашниот ден тие беа во Штип, Куманово и Битола.

-Направивме пресврт на подобро. Покажавме дека знаеме да работиме чесно, одговорно и во интерес на граѓаните. Направивме многу, но можеме уште повеќе, можеме уште подобро, потенцираше лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вчерашото претставување на програмата „Можеме“, заедно со носителот на листата за пратеници во ИЕ 3, Љупчо Николовски и Венко Филипче.

Заев истакна дека оваа програма е нивната визија, јасен план за Северна Македонија во наредните четири години.

– СДСМ е посветена на развој на домашната македонска економија, на инвестиции во инфраструктурата, на продолжување на интегративниот процес во ЕУ, на грижа за ранливите категории, на обезбедување здрава животна средина, заштита на здравјето на граѓаните и загарантирана правда за сите. Ова се столбовите на кои е изградена оваа наша програма – чесна, одговорна, достојна за граѓаните. Градиме држава со нова развојна македонска економија заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал, модел што ќе ги штити работните места на граѓаните, ќе гарантира повисоки плати и пензии и подобри работни места, рече Заев.

Тој додаде дека предвидено е просечната плата до крајот на мандатот да порасне до 30, а минималната до 40 отсто. Со тоа до крајот на мандатот да се постигне просечна плата за вработените ширум целата земја од 34.000 денари. СДСМ се обврзува и на над една милијарда евра странски инвестиции за четири години засновани на иновации, на висок степен на финализација на производи и услуги и одржување на бизнисите.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска ќе се претстават во Јегуновце (15:30), Брвеница (17:00), Ѓорче Петров (18:30) и Куманово (20:30) Лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски беше во Новаци, Демир Хисар и Битола.

Тој истакна дека партијата направила програма во која се обврзува на најмалку 25 отсто повисока просечна плата во еден четиригодишен мандат.

-Се обврзавме на најмалку 20 отсто повисоки пензии за пензионерите во еден мандат и враќање на старото законско решение, рече Мицкоски.

Вети, како што кажа, најмалку 640 милиони евра субвенции за земјоделците и загарантиран откуп.

-Во овој проект обнова се обврзавме на најмалку илјада километри реновирани патни правци, локални и регионални. Се обврзавме на најмалку еден универзитет да учат нашите млади да се образуваат кој што ќе биде меѓу првите илјада на Шангајската ранг листа. Се обврзавме на реновирани студентски домови, на најмалку еден студентски град, почитување на колективниот договор во образованието за повисоки плати на професорите и наставниците во основните и средните училишта.

Се обврзавме на нов пристап во економијата привлекување на странски и домашни директни инвестиции со висока додадена вредност наместо нивните криминални иновации, рече Мицкоски.

Лидерот на опозицијата рече дека се обврзува за шест месеци да спроведе правда во државата.

-Без разлика дали е политичар, определен или неопределен, ВМРО или СДСМ, ДУИ, Алијанса или било кој друг. Ако некој ги погазил законите во државата, за тоа ќе одговара. Правда ќе има од Гевгелија до Тетово, од Дебар до Делчево. Правда ќе има низ целата Македонија, рече Мицкоски.

Најавени се и претставувања на кандидатите за пратеници во други места во шесте изборни единици.

Дел од партиите ќе одржат и прес-конференции, како ГДУ, Алијанса на Албанците и Алтернатива и проф. д-р Јове Кекеновски, носител на листа за пратеници од Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија” во ИЕ 2, со дел од кандидатите за пратеници.

актуелно избори кампања сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.