Министерствата и другите органи на државната управа имаат уште два дена рок за да достават информации до Министерството за финансии за средствата што ги имаат на располагање, што би можеле да се пренаменат за кампањата за референдумот.
Во меѓувреме, референдумската кампања се засилува – премиерот Зоран Заев вчера се сретна со претставници на македонската дијаспората во Италија, Швајцарија, Луксембург, Германија, Словенија, Хрватска, САД. На средбата се разговарало и за важноста на претстојниот референдум и за потребата од проактивна улога на сите граѓани.
До Државната изборна комисија до вчера до 13:00 часот се доставени вкупно 862 пријави од македонски државјани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва во странство.







