Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Се менува Законот за финансиска дисциплина, се намалува надоместокот за доцнење и се пренесува надзорот од УЈП во ДПИ
Економија

Се менува Законот за финансиска дисциплина, се намалува надоместокот за доцнење и се пренесува надзорот од УЈП во ДПИ

мај 20, 2019Updated:мај 20, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Измени и дополнувања на Законот за финансиска дисциплина во земјава се во собраниска процедура. Се намалува надоместокот за доцнење и се пренесува надзорот над спроведување на одредбите за деловни трансакции од страна на економските оператори од приватниот сектор од Управата за јавни приходи на Државниот пазарен инспекторат при Министерството за економија.

Причина за предложените измени, како што стои во образложението од предлагачот, е натамошно усогласување со ЕУ директивите, односно се допрецизира дека должникот треба да ги исполнува своите парични обврски  во договорените рокови без претходно потсетување и опомена од страна на доверителот.

Со Законот за финансиска дисциплина, кој се применува од 2014 година, се уредува навременото исполнување на паричните обврски што произлегуваат од реализацијата на деловните трансакции помеѓу економските оператори од приватниот сектор, односно помеѓу субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор.

Согласно Законот доколку паричната обврска не е исполнета во  договорениот рок, доверителот има право да наплати  надоместок за доцнење од должникот во износ од 3.000 денари. Со цел усогласување со висината на надоместокот утврден во Директивата, се предлага намалување на истиот од 3.000 денари на 2.400 денари.  Исто така, се врши натамошно усогласување со Директивата, односно се допрецизира дека должникот треба да ги исполнува своите парични обврски  во договорените рокови без претходно потсетување и опомена од страна на доверителот.

Согласно Законот за финансиска дисциплина надзорот над спроведувањето на одредбите од овој закон меѓу субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор го врши Министерството за финансии преку Финансиската инспекција во јавниот сектор, додека пак надзорот меѓу економските оператори од приватниот сектор го врши Министерството за финансии – Управа за јавни приходи.

Во образложението се појаснува дека надзорот над Законот за финансиска дисциплина не претставува даночна контрола, поради што се предлага надлежноста за надзор над спроведувањето на одредбите од Законот за финансиска дисциплина за деловни трансакции од страна на економските оператори од приватниот сектор од Управата за јавни приходи да се пренесе на Државниот пазарен инспекторат при Министерството за економија.

Законот почна да се применува во мај 2014 годна со цел подобрување на ликвидноста на стопанските субјекти. Според законското решение, приватните субјекти, имаат максимален рок за намирување на обврските до 120 дена.

Исполнување на паричните обврски на субјектите од јавниот сектор од овој Закон се применуваат од 2016 година и максималниот рок за да се извршат парични обврски е до 90 дена.

актуелно дисциплина закон менување надомест намалување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.