Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Седници на седум собраниски комисии
Македонија

Седници на седум собраниски комисии

декември 10, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за надворешна политика, за финансирање и буџет, за образование, наука и спорт, за здравство, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Единствена точка на дневен ред на собраниската Комисија за европски прашања е Предлог-законот за енергетска ефикасност, во прво читање.

Предлог – буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, во второ читање, е единствената точка за која ќе расправаат членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

На дневен ред на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците се повеќе закони, меѓу кои Предлог-законот за изменување на Законот за личното име, измените и дополнувањата на Законот за личната карта и на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, сите во прво читање.

Членовите на оваа Комисија ќе ги разгледаат и Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво во 2018 годинa и Формирањето на работна група за зајакнување, унапредување и подобрување на соработката помеѓу Собранието на Република Северна Македонија и Народниот правобранител.

На дневен ред на собраниската Комисија за образование, наука и спорт се Предлог-законот за младинско учество и младински политики, во прво читање, поднесен од група пратеници и Предлог-законот за изменување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, во прво читање.

Членовите на собраниската Комисија за надворешна политика ќе треба да се произнесат за повеќе предлог-закони за ратификација на договори, меѓу кои е Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за заемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (OEOC).

На дневен ред на собраниската Законодавно-правна комисија се повеќе предлог-закони во прво читање.

Членовите на оваа Комисија ќе дискутираат за измените и дополнувањата на Законот за следење на комуникациите, на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, на Законот за странци…

Комисијата за здравство ќе одржи две седници, 15. и 30. седница

. На дневен ред на 15-та седница е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, во второ читање.

На 30-та седница ќе се разгледува Предлог-одлуката за одржување надзорна расправа на тема: „Системот на имунизацијата кај населението од моментот на набавка, транспорт, складирање и импликација во јавните здравствени установи“.

актуелно собрание собраниски комисии
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.