Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Седуммината со коронавирус во стабилна здравствена состојба, 12 се тестираат
Во Фокусот

Седуммината со коронавирус во стабилна здравствена состојба, 12 се тестираат

март 11, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни болести има седум пациенти со коронавирус кои се со стабилна, лесна клиничка слика и никој нема потреба од механичка вентилација. Контролниот тест на пациентката која иницијално беше прва кај која е потврден вирусот, е негативен и таа во следните денови ќе биде пуштена на домашно лекување. Во моментов се тестираат 12 пациенти“, истакна денеска на прес-конференција во Владата, министерот за здравство Венко Филипче и апелираше сите граѓани да се придржуваат до мерките за заштита од коронавирусот.

Од 12-те пациенти кои се тестираат, посочи, двајца на Инфективната клиника се дојдени со знаци на грип, тие патувале во Италија и дошле здрави пред пет шест дена, а изутрината развиле симптоми и се земени материјали, осум се од Дебар и тие се соседи на тројцата заболени хоспитализирани пред неколку дена, и имале интензвивни контакти со нив, и тие се на Клиниката, еден пациент е од Инфективното одделение во Штип, кој беше со знаци на грип од Кочани и кој исто така патувал во Италија, а еден пациент е испратен преку Центарот за јавно здравје во Прилеп.

Нагласи дека за два часа се очекуваат резултатите од тестирањето и ќе ја информираат јавноста.

Во врска со препораките кои вчера беа соопштени на јавноста, рече дека отсуството кон работодавецот работникот го регулира со потврда издадена од градинка односно училиштето на име на родителот со
назнака за времето во кое истата важи со цел да се оправда отсуството.

„Во однос на прекинот на работата на дневните центри за згрижување на лица со попреченост, ослободувањето од работните активности на родителот на лице со попреченост е проширено и на овие лица кои се на возраст до 26 години, значи оваа мерка важи и за родителите на лица и деца кои се сместени и користат услуга во центрите за попреченост. Исто како и за родителите на децата од градинка или од училиште ќе треба да се даде потврда дека се корисници на таа услуга“, рече Филипче.

Се наметна, посочи, прашањето за двајца родители кои работат во ист сектор, а оваа препорака не важи за секторот здравство, полиција, војска, пожарна, а денеска на седница на Влада ќе ја дискутираме и Царинската управа.

„Значи доколку двајцата родители работат во рамките на ист сектор, ќе треба едниот да биде ословбоден од работа и самохраните родители треба да бидат ослободени од работа. Се наметна прашањето дали овие мерки со оглед на тоа што се препораки освен за државните важат и за приватните компании. Напоменувам овие мерки важат за сите и непочитувањето ќе биде санкционирано и казнето согласно членот 205 и 206 од Казнениот закон за опасност од ширење заразна болест“, истакна Филипче.

Апелираше да се црпат информации од пресови, и потенцира дека во кое било време се достапни за информации во кој било дел од денот.

„Жал ми е што бевме сведоци на лажни вести и на шпекулирање. Сметам дека тоа треба да се избегне со цел да не се создава непотребна паника. Ние сме пред болестите практично сите исти и затоа сите носиме иста одговорност. Апелирам сите да се придржуваат до мерките за заштита од коронавирусот“, рече Филипче и ги повтори мерките за заштита од коронавирусот, а тоа се задолжителна 14-дневна изолација доколку некој доаѓа од ризичните региони, одржување лична хигиена – често и темелно миење на рацете и нивна дезифенкција.

Додаде дека во 14 часот ќе се одржи седница на Владата по што ќе организираат уште една прес-конференција со цел јавноста целосно да биде информирана.

актуелно здравствена состојба коронавирус
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.