Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Силјановска Давкова: Немојте да ги бојкотирате изборите
Македонија

Силјановска Давкова: Немојте да ги бојкотирате изборите

април 3, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Немојте да ги бојкотирате претседателските избори, порача кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова, од митинг во Неготино.

„Го имате мојот човечки и женски збор. Моето ветување. Нашата женска интуиција дека победата на претседателските избори значи отворање на демократски порти за нова парламентарна коалиција создадена врз основа на предвремени парламентарни избори, нагласи таа.

Најави одговорен уставен суд, преку реформи да се стигне до Европската Унија. Промените, рече  дека доаѓаат и поради тоа што таа е жена.

-Но ако овие триесет години во Македонија, главно на власт беа мажите, мислам дека мажите исто така би сакале да видат еден поинаков начин на практикување на власта. Ние жените дома најчесто ги водиме сите министерства. Од она за социјална политика и труд, преку здравство, до образование. Ја учиме школата на управувањето, менаџирањето, нагласи таа.

Во својот говор, како кандидат за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, се осврна и на неопходноста од зачувување на идентитетот.

„Ние и кога сме немале држава, сме биле Македонци. Односно, се создавала македонската нација како процес. Тој процес бил крунисан кога сонот станал реалност. На АСНОМ, во далечната 1944 година. Ништо не сме украле, ниту позајмиме од некого, рече Силјановска Давкова, нагласувајќи дека имаме должност кон претходните но и кон идните генерации, да го сочуваме идентитетот.

Таа се осврна и на неинтонирањето на химната велејќи дека тоа било поради страв и срам на оние кои не се доволно патриоти. Се осврна и на иселувањето  на младите и на тешкиот живот на граѓаните, критикувајќи ја актуелната власт. За земањето на идентитетот, а не негово јакнење. Нагласи дека мора да се чува културното наследство, кое е наша обврска, но и обврска дадена од УНЕСКО. Во Европа се оди, рече,  со европски реформи.

Сакаме, додаде, да ги задржиме младите дома, да не бегаат повеќе по светот.

„Знаењето е најдобра инвестиција, тоа ги учам младите, а од тоа ќе се раководам како претседател. За патриотски да ја бранат Македонија. Секогаш ќе ги почитувам Уставот и законите, рече Силјановска.

Победуваме, порача и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Неправдата во државата, рече дека ќе се исправи, само ако се преземат институциите.

А тој процес започнува со победа на 21 април, потврда на таа победа на 5 мај. А потоа организирање на предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски.

актуелно исзбори силјановска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.