Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Синдикат на Филхармонија: Министерството за култура и туризам не постапува доследно при изборот на директор
Култура

Синдикат на Филхармонија: Министерството за култура и туризам не постапува доследно при изборот на директор

март 5, 2025Updated:март 5, 20250
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Соопштение на Синдикат на Филхармонија:

Со последното соопштение на Министерството за култура и туризам, одговорните од оваа државна институција се обидоа да го оправдаат незаконското постапување при изборот на директор на Македонска филхармонија и со тоа да ги отфрлат обвинувањата на синдикатот на Македонската филхармонија како неосновани и паушални. Во соопштенитето, Министерството за култура се повикува на Законот за општа управна постапка (ЗОУП) велејќи дека „Комисијата за селекција на кандидати за избор на директор до учесниците во конкурсот достави барање за дополнително појаснување во однос на доставената документација, што било пракса и во минатите постапки за избор на директор на Филхармонија“, но не кажа конкретно по кој член постапува и за кои минати постапки.

Согласно член 39 став (3) од ЗОУП „ако поднесокот е нецелосен или нејасен, јавниот орган ќе се обрати до подносителот и ќе определи рок од 15 дена за дополнително појаснување. Ако подносителот ги отстрани недостатоците во определениот рок, ќе се смета дека поднесокот бил од почеток доволно јасен. Ако подносителот не одговори во определениот рок, барањето ќе биде отфрлено со управен акт во рок од дополнителни седум дена, против кој е дозволена жалба.“

Во самиот член никаде не се наведува дека е дозволено доставување на дополнителен документ, односно документ кој е наведен како задолжителен во конкурсот, а не бил доставен во определениот рок. Имено, во објавениот конкурс за избор на директор е наведено дека некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат. Оттука, Министерството за култура како да не прави разлика меѓу поимите „дополнување на некомплетна документација“ и „појаснување на пријавата“.

Доколку Министерството смета дека ваквото постапување е во согласност со одредбите на ЗОУП, реченицата „Некомплетните и ненавремено доставените документи нема да се разгледуваат“, ги доведува во колизија и во ситуација на контрадикторност самиот конкурс и одредбите на ЗОУП. Со ова повторно се доведува во прашање легитимноста на конкурсот, односно законското постапување во рамките на истиот.

По изјавата на Министерот Љутков дека повеќе од половина од назначените директори на национални установи се назначени законски, по пат на оглас објавен од Министерството за култура, не можеме да не го поставиме прашањето: Дали и во другите конкурси била содржана реченицата „Некомплетните и ненавремено доставените документи нема да се разгледуваат“, а доколку била, по кој член и кој закон биле побарани документи кои недостасувале во пријавата?

актуелно директор избор култура министерствво туризам Филхармонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.