Сириско знаме се завиори денеска над градот Дара, место кое од 2011 година беше колевка на побуната против владеењето на претседателот Башар ал Асад.
Државката телевизија Ал-Икбарија емитуваше снимки на кои се гледа како официјални лица подигнуваат сириско знаме над рушевините на градот откако бунтовниците се согласија денеска да го предадат градот.
Дара претрпе катастрофална штета во текот на седумгодишната граѓанска војна во Сирија.








