Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

октомври 29, 2026

СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

октомври 29, 2026

ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан

октомври 29, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
  • „Си-Ен-Ен“, „Ем-Ес НАУ“ и „Политико“ ја проширија тужбата поради ограничувањето на пристапот до Белата куќа
  • ГС на ОН повика на прекин на повеќедецениското американско економско ембарго кон Куба
  • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
  • Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час
  • Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Сите очи вперени во него: Али Ахмад Масуд ќе се бори против Талибанците
СВЕТ

Сите очи вперени во него: Али Ахмад Масуд ќе се бори против Талибанците

август 23, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Авганистанецот Али Ахмад Масуд кој е школуван во Велика Британија ја предводи борбата на движењето на отпорот во земјата, а последните неколку денови меѓу 60 и 100 Талибанци загинаа во борбите северно од главниот град Кабул.

Масуд неодамна испрати морничаво предупредување дека Авганистан сепак може да стане магнет за терористи и дека може на Ал Каеда да и понуди база за покренување на терористички напади на Запад, вклучувајќи ја и Велика Британија.

Тој е син на Ахмад Шах Масуд, таканаречениот „Лавот од Панџшир“, поранешен водач на Северната алијанса, кој беше убиен од Ал Каеда, неколку денови пред нападот на 11 септември.

Титулата сега е пренесена на Ахмад додека го продолжува татковото наследство во опколениот регион.

Младиот Масуд го води вооруженото востание во Панџшир, што резултираше со повторно завземање на три клучни подрачја во последните денови, а 32-годишникот вети дека неговата војска со бунтовници ќе се „бори до последен здив.

Националниот фронт на отпорот во Авганистан прифати одреден број авганистански војници кои се повлекуваа од Кабул.

Во последните три дена, остатоците од авганистанските сили на националната одбрана и безбедност стигнаа до Панџшир. Тие зајакнуваат, се придружуваат и го поддржуваат Масудовиот сојуз. Талибанците се нападнати на неколку фронтови во повеќе напади, но ќе испратат засилување на северот да возвратат.

Пред својата смрт, Ахмад Шах Масуд ја предводеше Северната алијанса која, поддржана од ЦИА, во 2002 година ги сруши Талибанците.

„Денес пишувам од долината Панџшир, подготвен да тргнам по стапките на својот татко, со муџахединските борци кои се подготвени повторно да ги победат Талибанците“, наведе неговиот син во писмото испратено до „Вашингтон пост“.

Тој и неговите луѓе имаа залихи на муниција и оружје кое со години ги собираа, плашејќи се, како што објаснува, дека еден ден ќе дојде моментот кога пак ќе треба да се борат.

„Имаме и оружје кое го носат Авганистанците кои во изминатите 72 часа одговорија на мојот апел да се придружат на отпорат во Панџшир. Имаме војници од редовите на авганистанската војска кои се згрозени од предавството на своите команданти и сега, со својата опрема, патуваат кон планините на Панџшир“, напиша Масуд и вети дека ако талибанските војсководачи наредат контранапад, ќе се соочат исклучителен отпор.

„Знамето на Националниот фронт на отпорот ќе се завее над секое место кое тие ќе се обидат да го освојат, исто онака како што ова знаме се виореше пред 20 години. Сепак, знаеме дека нашите воени сили и логистиката нема да бидат доволни. Тие брзо ќе се исцрпат, освен ако нашите пријатели од Запад не најдат начин да не снабдат, без одлагање.“

Во пораката која е јасно насочена кон западните лидери, главно на претседателот на САД, Џо Бајден, и на британскиот премиер, Борис Џонсон, Масуд предупредува: „Талибанците не се проблем само на авганистанскиот народ“.

 

„Под контрола на Талибанците, Авганистан ќе стане место на радикалниот исламистички тероризам. Заговорите против демократиите повторно ќе се коваат тука. Што и да се случи, моите борци – муџахедини и јас ќе го браниме Панџшир, како последен бастион на авганистанската слобода. Нашиот морал е нечепнат. Од искуство знаеме што не чека. Но потребно ни е повеќе оружје, повеќе муниција и повеќе залихи“, заклучи на крајот Масуд.

Масуд дипломираше на Кралскиот колеџ во Лондон, а една година ја посетуваше и Кралската воена академија во Сендхурст.

авганистан актуелно Кабул лондон муџахедини Панџшир САД талибанци тероризам
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

октомври 29, 2026

СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

октомври 29, 2026

ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан

октомври 29, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.