Вечерва знам дека победи противкандидатот, но не мислам дека јас како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и како поединец ја загубив битката, рече Гордана Сиљановска Давкова на прес-конференција по вториот круг од претседателските избори.
„Велат дека ние жените приметуваме се. Ми велат дека сум се подмладила откако почна кампањата. Се подмладив од вас граѓаните. Денешниот ден ми личеше на Вивалди и „Четирите годишни времиња“. Да добиете 370.ооо е голема благодарност, а да станете позната по улиците како Гога е нешто ново во политиката во Македонија“, изјави Сиљановска – Давкова.
„Прашањето дали резултатот на победникот во однос на победениот води кон помирување или означува една поделба внатре во државата по повеќе основи, поделба која има карактер на интраетничка и прашање е дали синтагмата Одиме напред навистина го ветува тоа, рече Сиљановска – Давкова.







