Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Словенија има нова политичка ѕвезда – Роберт Голоб
Европа

Словенија има нова политичка ѕвезда – Роберт Голоб

април 26, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Роберт Голоб е новата ѕвезда на словенечката политика. На неделните избори едноставно го прегази ветеранот Јанез Јанша, кој е во политиката повеќе од триесет години, а Голоб е во полн политички ангажман само три месеци.

„Движењето за слобода“ е убедлив победник на изборите, со резултат што во Словенија го имаа само Јанез Дрновшек и Мирослав Церар.

Педесет и петгодишниот електроинженер не ја прослави големата победа со своите сопартијци поради заразата со корона вирусот, туку се обрати преку видео врска.

Ваква излезност во Словенија немаше дваесет години, а ниту победниците не очекуваа ваков триумф.

Очигледно, Словенците сакаа промени, заситени со стари лица и вечните препукувања меѓу десницата и левицата.

Сигналот за целосен ангажман во политиката Роберт Голоб го добил кога Јанша го смени од функцијата претседател на управниот одбор на најголемата државна електроенергетска компанија ГЕН-1. Зад себе тој веќе имаше неколку аматерски ангажмани во политиката, како член на Позитивна Словенија, основана од градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, потоа трансфер во партијата на Аленка Братушек, а во јануари годинава се кандидираше за претседател на Зелената акција, која набрзо го смени името во „Движење за слобода“.

Зелено-левичарското движење беше неочекувано добро прифатено во Словенија, а либералниот центар беше вистинска алтернатива на популистичката влада на Јанез Јанша.

„На изборите не се гласа против Јанша, туку против полициската држава“, зборуваше Голоб во кампањата.

Тој е родум од Горица, со всаден антифашизам, како и повеќето во тој крај. Својот политички ангажман го најави „малку лево, малку десно“, а како деловен човек добро ги запозна сите политички центри на моќ. Беше и државен секретар за време на владата на Дрновшек, а како лидер на големата словенечка компанија се покажа како врвен менаџер. Им овозможи на Словенците да имаат целосна контрола и преглед на потрошувачката на гас и струја, а тој самиот заработи многу пари. И редовно плаќал даноци.

Шеснаесет години ја водеше компанијата која се прошируваше во регионот, а потоа Јанша направи, се чини, непромислен потег и го смени.

„Политиката не ме стави на оваа позиција, но ме принуди сам да почнам да се занимавам со политика“, велеше Голоб на средбите со гласачите.

Владеењето на Јанша го нарече „владејачка клика“ која нема никаква врска со десничарските вредности и учењата на Исус.

Поради долгата коса медиумите го нарекуваат и „чудесното момче“ на словенечката енергетика, кој е и деловен визионер, а по душа и срце и не е вистински политичар. Не сака компромиси, а зад себе има и научна кариера како доктор на науки и доцент на факултет.

Најави дека како премиер посебно ќе биде фокусиран на здравството и климатските промени, а на политички план Словенија ќе ја врати од десно во центар. Многумина, пак, сметаат дека Словенија е пред нов експеримент, но и предупредуваат дека новите лица во политиката не секогаш носеле значајни промени.

И, бидејќи ништо не може да помине без Русите, поразениот СДС тврди дека Москва се вмешала и на овие избори. Како, никој не открива.

актуелно Јанез Дрновшек Јанез Јанша Роберт Голоб словенија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.