Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Собранието го донесе Законот за решавање на спорот за „ГА-МА“ и одлуката за ДИК
Македонија

Собранието го донесе Законот за решавање на спорот за „ГА-МА“ и одлуката за ДИК

декември 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Собранието денеска попладне ги одржа 29-та седница, како и продолженијата на 19-та и 20-та седница, на кои беа изгласни Законот за решавање на спорот за „ГА-МА“, Законот за инвалидски организации, како и одлуката за огласување на избор на
претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија.

Предлог Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, беше повлечен.

Пратениците во продолжението на 20-тата седница денеска со 60 гласа „за“, 30 „против“ и без „воздржани“ го донесоа Закон за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба.

По гласањето, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, рече дека законот ги крши членовите 8, 52, 55, 68, 98 и многу други од Уставот и го повика претседателот на Републиката да не го потпише указот за прогласување на овој, како што рече, скандалозен закон.

„Најавуваме дека ќе поднесеме постапка за оценување на уставноста на овој закон, кој што за жал, луѓето од Владата немаа храброст да го потпишат затоа што знаеа дека ова законско решение е неуставно, па прво пробаа преку Државното правобранителство да го протнат и на крај го најдоа решението преку владејачкото мнозинство и овие 62 пратеници да го потпишат овој закон“, изјави Мицевски.

Расправата по ова законско решение почна во петокот и траеше повеќе од 21 час за време на викендот.

Собранието на 29-та седница со 85 гласа „за“, без ниту еден глас против и воздржани ја увсои и одлуката за огласување на избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија.

Без ниту еден пријавен за расправа по точките пратениците разгледаа повеќе точки на дневен ред. Со 61 глас „за“ без ниту еден глас против и воздржан го донесоа и Законот за ратификација на Технички аранжман меѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за национална одбрана на Грција за заштита на воздушниот простор FIR SKOPJE (LWSS).

Собранието со 61 глас „за“ и без ниту еден глас против и воздржан го донесе Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за измена на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за реципрочно признавање на возачки дозволи.

На оваа 29. седница, како точки на дневен ред, меѓу другите, се предложени и Предлог на законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година, по скратена постапка, кој во собраниска процедура е со европско знаменце.

Претседателот на Собранието Талат Џафери тука ја прекина работата по оваа седница и проодлжи со работа по 19-тата седница, по што беше усвон Законот за изменување на Законот за инвалидски организации, по скратена постапка, а предлог Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, беше повлечен.

По експресното завршување на неколку од точките на дневен ред, Џафери ја затвори работата на Собранието за денеска и најави дека дополнително ќе биде закажно продолжението на 29-тата седница.

„ГА-МА“ актуелно ДИК закон одлука собрание спор
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.