Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Собранието ја изгласа одлуката за прогласување кризна состојба во државата до 30 јуни
Македонија

Собранието ја изгласа одлуката за прогласување кризна состојба во државата до 30 јуни

декември 16, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Собранието на Република Северна Македонија во рамки на 25. седница денеска со 61 гласа „за“, без „против“ и без „воздржани“ ја изгласа одлуката за прогласување кризна состојба во државата до 30 јуни 2021 година.

На седницата не присуствуваа пратениците од опозоцијата.

Со одлуката треба да се овозможи продолжување за уште шест месеци на едномесечната кризна состојба поради состојбата со коронавирусот што е во сила од 20. минатиот месец, со одлука на Владата, а на барање на Советот за безбедност.

Периодот за постоење кризна состојба на територијата на државава, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија со Ковид-19 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со мшто се загрозува безбедноста на здравјето на населението е најмногу до 30 дена.

Владата на седницата на 1 декември го прифати предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и ја утврди потребата да се продолжи кризната состојба до 30 јуни следната година.

По стапувањето во сила на тековната кризна состојба беше овозможено дел од припадниците на Армијата да се вклучат во физичко обезбедување на ковид центрите, според Предлогот изработен од Главниот штаб за управување со кризи.

Министерствата за здравство, за внатрешни работи, за одбрана, Армијата , Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, со сите останати засегнати државни институции, пак, беа задолжени да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои може да се стават во функција на справување со кризната состојба.

Пратениците со 61 гласа „за“, без ниту еден глас против и без воздржани констатираа дека Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година, во прво читање е прифатлив и може да се проследи на натамошно читање.

Опозицијата не беше присутна во салата и не гласаше за пописот. Пописот треба да започне на 1 април следната година, а ќе го спроведува Државниот завод за статистика.

Се очекува податоците да бидат готови за шест месеци.

Пописот ќе биде со комбиниран метод, односно за разлика од претходните години, ќе има електронски прашалници на лаптопи и ќе има комуникација со бази од каде автоматски ќе се преземаат податоците и ќе се надополнуваат од терен.

За лицата–државјани на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство податоците од член 10 од овој закон ги дава полнолетно лице на кого најмногу му се познати, при што го дава својот ЕМБГ и ЕМБГ на лицето за кое дава податоци во пописот.

За лицата-државјани на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство ќе се овозможи и самопопишување во периодот од 1 март до 21 април 2020 година на посебна апликација која е достапна на веб страницата на Државниот завод за статистика.

Заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу за време на расправата на пленарната седница во понеделникот побара поддршка од пратениците за законот посочувајќи дека се отстранети сите можности за манипулација.

„Имавме дискусија на седниците на комсиите, но би сакал да прецизирам дека со овој предлог на закон ние сме ги отстраниле сите можности за манипулации и дополнителни дела кои се согледани на претходните пописи и на претходниот попис, што пропадна. Ние сме свесни за важноста за попис на населението што претставува за сите етнички заедници во земјата. Би сакал да ве уверам и вас и вкупната јавност и тие кои живеат во странство, надвор од територијата на Република Северна Македонија дека со овој предлог на закон ги имаме земено предвид интересите на сите државјани на РСМ, опфаќајќи ги и тие кои се на привремен престој или работат надвор од нашата територија“, рече Нухиу.

Дополнително, со овој предлог на закон е отстранета каква било можност за манипулација, додаде тој, особено врз етничка основа бидејќи, како што кажа, со закон гарантираме 45 пописни региони, посебни комисии, зналителни број на државни и регионални инструктори, регионални членови на попис и други учесници.

„Граѓаните државјани на РСМ кои во моментот на пописот ќе бидат надвор од територијата на нашата држава тие ќе можат да бидат регистрирани од блиски поединци кои попишувачот ќе може да земе матичен број од тие граѓани“, рече Нухиу додавајќи дека со законот ќе може нашите државјани сами да се попишат преку посебна апликација која ќе биде објавена преку Државниот завод за статистика.

Пратениците со 61 глас „за“, без против и без воздржани изгласаа Иџет Мемети и Љупчо Ивановски да станат членови на Советот на јавни обвинители, а со 61 глас „за“, без против и без воздржани ја избраа Павлина Црвенковска за член на Судски Совет.

Собранието ги донесе Законот за општа безбедност на производите, Законот за фитофармација, како и измените на Законот за домување и измените и дополнувањата на Законот за железнички систем…

актуелно кризна состојба одлука собрание
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.