Времето денеска ќе биде сончево со мала умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од -10 до -2, а дневната ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.
Во Скопје ќе биде главно сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до -7, а дневната ќе достигне до 7 степени.
До петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во четврток ќе дува засилен северен ветер. За време на викендот облачноста ќе се зголеми, а во недела ќе има и повремени врнежи од дожд.







