На официјалната Фејсбук страница на премиерот на Словачка, Роберт Фицо, кој денеска беше застрелан, објавено е соопштение на неговите соработници.
„Роберт Фицо беше застрелан денеска. Тој бил застрелан неколку пати и моментално е во животна опасност. Во моментов со хеликоптер се превезуваат до Банска Бистрица, бидејќи патувањето до Братислава би траело предолго. Следните неколку часа се клучни“, се вели во објавата на веб-страницата на словачкиот премиер.
Тој беше застрелан денеска во град на околу 150 километри од Братислава. Наводно бил ранет во стомакот и градниот кош и итно бил пренесен во болница.
(Извор/Фото: „Данас“)







