Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Состојбата со Ковид-19 под контрола, здравствениот систем се подготовува за вакцинација
Во Фокусот

Состојбата со Ковид-19 под контрола, здравствениот систем се подготовува за вакцинација

декември 3, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бројот на заболени од Ковид–19 минатата недела е намален за 9,9 отсто, а се зголеми бројот на оздравените. Надлежните сметаат дека состојбата е под контрола, а здравствениот систем веќе почна со подготовките за вакцинација против Ковид–19. Први што ќе се вакцинираат се здравствените работници, вработените во војската, полицијата и хронично болните.

Вакцинирањето, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, ќе го спроведат лекари и медицински сестри кои не работат со ковид пациенти, и ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да се спроведе.

Во текот на следната недела ќе се организира и вежба на терен за тоа како би изгледал самиот процес на вакцинација.

Препораката е први да бидат вакцинирани здравствените работници, вработените во војската и полицијата, сите јавни службеници, во јавниот транспорт, хроничните болни, сите критични групи согласно мислењето на експертите.

И другите држави се во процес на подготовка на здравствените системи за вакцинирање. Велика Британија е првата во светот која ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ против Ковид–19, и веќе од следната недела почнува со вакцинирање.

Британскиот премиер Борис Џонсон дури најави дека би можел да се вакцинира пред телевизиски камери, за да покаже дека вакцината е безбедна и ефикасна .

За вакцинација се подготуваат и САД. „Вашингтон пост“ објави дека во текот на декември треба да бидат пуштени околу 40 милиони дози на вакцини од фармацевстките компании „Фајзер“  и „Модерна“, доволни да се имунизираат 20 милиони луѓе. Засега, за тоа се уште се чека одобрување од Администрацијата за храна и лекови на САД.

Германија, пак, се одлучи за подолга постапка за одобрување на вакцината против Ковид–19. Министерот за здравство Јенс Шпан изјави дека Германија и други земји од ЕУ можат да издадат одобрување по итна постапка, но се решиле за заеднички европски пристап, со цел да се зголеми довербата во вакцината.

Германските научници предупредуваат на прекумерна еуфорија за вакцината против Ковид–19. Експертите од германскиот Епидемиолошкиот институт Роберт Кох соопштија дека поради разни неопходни проверки вакцинацијата би можела да потрае и подолго од една година.

– Ќе ни треба време за прецизна анализа за пуштање на вакцината во употреба и дури потоа ќе дадеме свое мислење, по што ќе уследи испорака на вакцината, соопштија од Институтот Роберт Кох.

Според анкетите, над 50 проценти од 83 милиони Германци се подготвени да се вакцинираат против Ковид–19. Вакцината во Германија нема да биде задолжителна.

Полските власти соопштија дека потпишале договори со повеќе фармацевски компании за набавка на 45 милиони дози вакцина против коронавирус.Вакцинацијата ќе биде бесплатна и ќе се одвива на доброволна основа.

Од следната недела почнува масовно вакцинирање во Русија. Први со руската вакцина „Спутник V“ ќе се  вакцинираат здравствените работници и учителите.

Италија планира да започне програма за масовно бесплатно вакцинирање на населението, пред се на старите лица и здравствените работници, од почетокот на следната година. Владата планира да купи 202 милиони дози вакцини од различни производители.

Во екот на подготовките за масовна вакцинација против Ковид–19 низ светот, меѓународната полициска организација Интерпол предупреди дека мрежи на организиран криминал можат да се обидат да вметнат во продажба лажни, фалсификувани вакцини.

Интерпол соопшти дека е издадено глобално предупредување во 194 земји-членки на оваа организација, со препорака да се подготват за таква можност и оперативно, на терен и на виртуелните мрежа.

Предупредувањето се однесува и на можни обиди преку глобалната интернет мрежа да се најдат понуди за лажни терапии кои можат да го загрозат здравјето и животот на луѓето.

Ковид статистиката кај нас покажува дека во периодот од 23 до 29 ноември регистриран е помал број на заболени за 9,9 отсто.Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје. Има заболени во сите возрасни групи, а најзастапена се лицата над 60 години. Пријавени се 206 смртни случаи од 25 града, што е незначително намалување за еден отсто во однос на претходната недела.

Здавствените власти вчера евидентираа 946 новозаразени со Ковид–19 од направени 2564 тестирања. Оздравеле 789 пациенти, а починале 33 лица

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 63890. Оздравени се 40977, починале 1825, а бројот на активни случаи изнесува 21088.

актуелно вакцинација здравствен систем ковид подготовка состојба под контрола
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.