Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски и Бала од Тирана: Наши заеднички цели се безбедноста на граѓаните и европски институции
СВЕТ

Спасовски и Бала од Тирана: Наши заеднички цели се безбедноста на граѓаните и европски институции

септември 14, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на работниот престој во Тирана, Република Албанија по повод учеството на Конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес, оствари работна средба со албанскиот колега, министерот за внатрешни работи Таулант Бала.

На средбата двајцата соговорници изразија задоволство од реализирањето на оваа нивна прва средба, при што министерот Спасовски му честиташе на колегата Бала за назначувањето на функцијата министер за внатрешни работи на Република Албанија, со желби за успех, на личен и професионален план.

Истакнувајќи дека токму Министерската Конференција во рамки на Берлински процес во Тирана е добар старт за продлабочување на веќе успешната соработката помеѓу МВР на Република Северна Македонија и МВР на Република Албанија, министерот Спасовски рече:

„Преку заложбите за подобрување на добрососедските односи и регионалната соработка, особено на полето на прекуграничната соработка, како и успешното спроведување на имплементациските Протоколи на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ, како и заедничкото учество во Регионалните иницијативи, можам да кажам дека соработката помеѓу граничните полиции на двете држави е континуирана.

Пред се’ преку редовно одржување состаноци, размена на искуства и добри пракси и корисни информации за подобрување на ефикасноста на граничното управување, спречување на илегални миграции и сите форми на прекуграничен криминал, како и вклучување на други релевантни служби со цел соодветен пристап и постапување. А, како резултат на добрата соработка на надлежните служби на двете земји, се помогна во истрага на потешки кривични дела, од типот на убиства, разбојништва и тешки кражби ”, истакна министерот Спасовски.

Во оваа прилика беше изнајден одговор на   потребите на македонската заедница во Голобрдо којашто лани во ноември изрази интерес за изнаоѓање начин за  продолжување на работното време на Граничниот премин Џепиште – Требиште, кој е од локален карактер и не работи постојано. Така, во голема мерка би се подобриле условите за живот на локалното  население, како што беше решен проблемот со електрична енергија на истиот граничен премин.

Имено, на денешната средба двајцата министри се договорија да започнат подготовките од двете страни кои ќе значат позитивен одговор на барањата на македонската заедница во Албанија. Воедно, двајцата министри се согласија дека е постигнат значаен напредок, а потврдија дека и во иднина ќе се интензивираат сите активности коишто веќе се отпочнати, со несмален интензитет ќе започнуваат и нови, кои ги отвораат европските перспективи на граѓаните и на регионот.

Министрите Спасовски и Бала потенцираа дека заеднички цели им се безбедноста и сигурноста на граѓаните, владеењето на правото и европски институции.

Во таа насока, и министерот Спасовски посака успешна реализација и плодна дебата на Конференцијата на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес.

актуелно бала Спасовски Тирана
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.