Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека не размислува за оставка откако полицијата направи неколку безуспешни обиди да го пронајде осудениот екс-премиер Никола Груевски.
Министерот Спасовски вината за тоа што Груевски осстана недостапен за органите на прогонот ја гледа пред се кај судската власт.
„Одговорноста барајте ја кај судиите кои не одредиле мерка притвор за човек кој е осомничен за повеќе кривични дела“ – рече Спасовски.
Тој додаде дека полицијата работи врз основа на судските наредби.







