Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Стандард енд пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Северна Македонија ББ-, со стабилен изглед
Економија

„Стандард енд пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Северна Македонија ББ-, со стабилен изглед

март 9, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Aгенцијата „Стандард енд пурс“  (“Standard and Poor’s”) соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Северна Македонија ББ-, со стабилен изглед. Според извештајот, решавањето на спорот со името е круцијален позитивен чекор, и ги отвора вратите за членство во НАТО и почеток на преговорите за членство во ЕУ во текот на 2019 година, што би можело да ги забрза структурните реформи.

Според кредитната агенција, враќањето на политичката стабилност било значајно за забрзување на динамиката на економскиот раст. Се очекува дека растот во наредните три години ќе изнесува околу три проценти во просек, движен од домашната потрошувачка и извозот, како и подобрите движења кај инвестициите. Притоа, се очекува раст на приватните инвестиции како резултат на подобрената политичка стабилност, како и забрзување на јавните капитални инвестиции. Ризиците кон растот се оценуваат како балансирани, со позитивен потенцијал од побрзото имплементирање на реформите што би ја подобрило бизнис климата и би резултирало со повисоки странски директни инвестиции. Од друга страна, негативните ризици се од екстерна природа, и произлегуваат од забавувањето на растот во Европа, како и од царините на САД за увозот на коли.

„При остварен понизок дефицит од очекуваниот во 2018 година, се очекува дека буџетскиот дефицит на општата Влада во 2019 година ќе биде во линија со проекцијата на Владата од три проценти од БДП, и потоа ќе опадне на околу 2,5 проценти од БДП во просек на среден рок. Извештајот ја оценува како позитивна неодамнешната пензиска реформа, а ги нотира и реформите во управувањето со јавните финансии, со особен фокус на транспарентноста, буџетирањето и мониторингот. Standard and Poor’s го оценува јавниот долг на Македонија како умерен во глобален контекст. После подолг период на раст во минатото, се оценува дека долгот постепено ќе се стабилизира, и ќе изнесува 48,7 проценти од БДП во 2021-2022 година (државниот долг и долгот на ЈПДП), соопшти Министерството за финансии.

„Стандард енд пурс“ наведува дека може да дојде до подобрување на рејтингот доколку навременото имплементирање на реформите ја зајакне институционалната поставеност и ги подобри економските изгледи. Наспроти ова, врз влошување на кредитниот рејтинг може да влијае враќањето на политичките тензии или забавувањето на темпото на реформи, што би имало негативен ефект врз растот и странските инвестиции, како и во случај на фискална недисциплина или вонбуџетски активности кои би ја довеле во прашање оддржливоста на јавниот долг.

кредитен рејтинг северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата падна

октомври 15, 2026

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.