Државјанин на Србија, чиј идентитет се уште не е утврден, бил пронајден мртов во стан во Виена, а телото било исечено на парчиња.
Според извори на српскиот интернет портал „Курир“, телото на мажот, чиј труп бил пронајден во поодмината фаза на распаѓање, било најдено во када во бањата, додека отсечените раце и нозе биле пронајдени во други простории.
„Полицијата дошла во станот поради дојава дека во него се одгледува марихуана. Во потрагата по дрога, инспектори упаднале во станот. Во него немало никој, а марихуана навистина била пронајдена. Но, покрај дрогата, пронајден е и труп на маж“, вели изворот на Курир и додава дека на инспекторите уште од вратата им било јасно дека во станот се случило кривично дело.
„Само што зачекориле во станот, виделе делови од човечко тело. При понатамошниот претрес полицајците во бањата откриле тело, со голема расекотина на вратот“, додава изворот.
Во станот била пронајдена и комплетна опрема која убиецот или повеќе од нив ја користеле за касапење, но и за чистење.
„Пронајдени се фолии, најлон, хемиски средства… Се претпоставува дека намерата на егзекуторот била целосно да го распарчи телото и да се ослободи од него, но веројатно меѓу сторителите нешто се случило, па решиле да го остават телото и да побегнат“, вели изворот на „Курир“.
Инаку, во станот биле најдени документи на тројца Срби.
„Во една од собите во станот се пронајдени документи на име А.Ј, Л.Р. и Ж.Ј. Сите тие се од поширокото подрачје на Белград и немаат криминално досие во Србија“, додава изворот на „Курир“.
(Фото: Илустрација / Ројтерс)







