Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Судот одреди мерка куќен притвор за Стевчо Јакимовски
Судски процеси

Судот одреди мерка куќен притвор за Стевчо Јакимовски

март 20, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Судот му одреди мерка куќен притвор на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој заедно со уште четири лица е осомничен дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, во периодот од 2011 до 2017 година, при постапување по барања за утврдување на правен статус на објекти лоцирани на улицата „Илинденскa“.

Пред судија на претходна постапка, заедно со Јакимовски, денеска беа изведени и лицата Т.Ѓ. во својство на раководител на Одделение за недвижен имот и постапка за експропријација на недвижности во Сектор за правни работи на општината и В.С. во својство на виш соработник во Одделение за спроведување на урбанистички планови во Сектор за урбанизам.

„Одбиен е предлогот за одредување мерка притвор за лицето Т.Ѓ. бидејќи од страна на СЈО во предметот „Топлик“ веќе му се определени мерки на претпазливост, а согласно ЗКП не може да се определи мерка притвор на веќе определена мерка на претпазливост. За лицето В.С е одбиен предлогот за притвор и определени се мерки за претпазливост.

Кај сите тројца обвинети определените мерки се бидејќи се исполнети условите од член 165, став 1 точки и еден и два, информираат од Кривичниот суд во Скопје.

Судот дополнително треба да се произнесе за останатите шест лица, за кои постои основано сомневање дека ја злоупотребиле својата службена положба и овластување, а надлежниот обвинител достави предлог за определување мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште, обврска повремено да се јавуваат на определено службено лице или државен орган и привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

Одделот за сузбивање организиран криминал и корупција на МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска поднесе кривични пријави против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски и уште четири лица Т.Ѓ (62), В.С.(43), М.Т. (59) и Р.Д. (60) сите од Скопје, поради постоење сомнение за сторено кривично дело – „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, соопшти дека е поднесена кривична пријава и против лицата Г.Р. (51) во својство на управител на „Гром Промет“ ДООЕЛ Скопје, Ч.А. (67) во својство на управител на “ЕМАГ“ ДОООЕЛ Скопје, С.П (53) во својство на управител на “ДОТ МЕБЕЛ“ ДООЕЛ Скопје, и Т.К. (58) во својство на физичко лице, поради постоење основи на сомнение дека го сториле кривичното дело – „поттикнување“ во врска со кривичното дело – „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Според документираните сознанија од истрагата пријавените, Јакимовски во својство на градоначалник на Општина Карпош, Т.Ѓ. во својство на раководител на Одделение за недвижен имот и постапка за експропријација на недвижности во Сектор за правни работи на општината, В.С. во својство на виш соработник во Одделение за спроведување на урбанистички планови во Сектор за урбанизам, М.Т. во својство на вработена во Одделение за просторно и урбанистичко планирање во Секторот за урбанизам во општина Карпош и Р.Д. во својство на вработена како извршител на работи од областа на архитектонвски планирања во општина Карпош, постапувајќи по барања за утврдување на правен статус на објекти лоцирани на ул.„Илинденска“,
на катастарски парцели во општината, во периодот од 2011 до 2017 година ја злоупотребиле својата службена положба и овластување и ги пречекориле границите на своите службени овластувања.

Така, на правното лице “Гром Промет“ ДООЕЛ Скопје му овозможиле противправно да стекне имотна корист во вид на градежно земјиште во сопственост на државата во вкупна површина од 1.533 метри квадратни, кое како градежно неизградено земјиште во 2016 година имало вредност од најмалку 27.594.000 денари (или 448.683 евра). На правното лице „ЕМАГ“ ДООЕЛ Скопје, му е овозможено противправно да стекне
имотна корист во вид на градежно земјиште во вкупна површина од 722 м2, кое, пак, како градежно неизградено земјиште во 2016 година имало вредност од најмалку 12.996.000 денари (или 211.317 евра). На правниот субјект “ДОТ Мебел“ ДООЕЛ Скопје и на физичкото лице Т.К., пак, им  било овозоможено да се стекнат со ексклузивно право на откуп на земјиште под објект во сопственост на државата за 450 денари по квадратен метар иако доколку се одржело јавно надавање почетнат цена би била 300 евра од метар квадратен, информира портпаролот на МВР.

куќен определен притвор стефче јакимовкси суд
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Заврши куќниот притвор на Груби

октомври 13, 2026

Уставен повторно ќе одлучува за одредбите од Изборниот законик за државното финансирање на партиите

септември 23, 2026

Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд, приоритети остануваат ажурноста и транспарентноста

септември 1, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.