Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СЈО помина на Влада, во Собранието е потребно двотретинско мнозинство
Македонија

СЈО помина на Влада, во Собранието е потребно двотретинско мнозинство

март 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Законот со кој се регулира идниот статус на Специјалното јавно обвинителство помина на владина седница. Сега за него треба да одлучуваат пратениците на собраниска седница, а судбината на ова обвинителство зависи од двотретинското мнозинство во законодавниот дом.

Идниот статус на СЈО е содржан во Предлог-законот за Јавното обвинителство, кој вчера беше усвоен на седница на Владата. Со него меѓу другото се регулираат статусот, автономијата и надлежностите на СЈО.

Клучната новина во предлог-законот е што СЈО ќе добие надлежност да продолжи да ги води и предметите што ги отвори по јуни 2017 година, кои беа оспорени со начелното мислење од Врховниот суд. Во овие истраги СЈО нема да може да ги користи бомбите како докази.

„Предметите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за кои се поднесени обвиненија до 30 јуни 2017 година, како и предметите кои се наоѓаат во фаза на судење врз кои е воспоставена надлежност согласно член 11 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, продолжува да ги застапува СЈО, се наведува во предложениот закон.

Обвиненијата покренати по 30 јуни 2017 година и истражните постапки што ги спроведува Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите до влегувањето во сила на овој закон продолжува да ги спроведува СЈО, се додава во предлогот.

Претходните постапки што ги спроведува Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите до влегувањето во сила на овој закон ќе ги продолжи јавното обвинителство во чија надлежност спаѓаат согласно членовите 32 и 34 од овој закон.

Материјалите од незаконското следење на комуникациите СЈО може да ги обработува најдоцна до 15.09.2020 година. Како доказ може да се користат само во предметите за кои се поднесени обвиненија до 30 јуни 2017 година.

Материјалите од незаконското следење на комуникациите кои не се дадени како докази во судовите ќе се чуваат во СЈО една година по правосилното завршување на сите постапки што се водат за кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, а ќе бидат уништени согласно одредбите за уништување на материјалите од посебните истражни мерки, согласно закон. Записниците за уништување задолжително се доставуваат до јавниот обвинител.

Согласно предлог законот СЈО во идина ќе биде дел од редовното обвинителство, но автономно и задолжено да гони висок профил на корупција и криминал. Ова обвинителство ќе биде надлежно за гонење на избраните или именувани функционери.

Во предлогот се утврдуваат надлежностите на СЈО, тоа ќе има широк спектар на дејствување меѓу другото за кривични дела против изборите и гласањето, за перење пари, злоупотреба на службената положба и овластување, проневера во службата, измама во службата, примање поткуп, примање награда за противзаконито влијание, противправно стекнување и прикривање имот, измама при работењето со хартии од вредност и удели, злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство…

Мандатот на сегашната јавна обвинителка Катица Јанева ќе трае уште една година, а оној што ќе ја наследи согласно законското решение ќе го бира Советот на јавни обвинители на мандат од четири години.

Покрај прашањата поврзани со статусот на СЈО, во предлог-законот со кој се регулира материјата за Јавното обвинителство, значајна новина е одредбата со која се пропишуваат условите за избор на јавните обвинители. Овие измени се насочени кон зголемување на потребниот стаж за избор на јавни обвинители во повисоките јавни обвинителства.

Со донесувањето на овој закон, се исполнуваат и препораките на ГРЕКО во делот на дисциплинската одговорност на јавните обвинители. Во тој контекст, се пропишуваат јасни, прецизни и предвидливи основи за дисциплинска одговорност кои се пропорционални со предвидените дисциплински мерки. Така, најтешките дисциплински мерки се пропишани единствено за најсериозните дисциплински повреди.

За донесувањето на законот е потребна поддршка од 80 пратеници. Премиерот Зоран Заев очекува дека законот ќе биде донесен со консензус.

Тој изјави дека законот влегува во парламентарна расправа, со тоа што прво ќе се разговара со најголемата опозициска партија, па со помалата група на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и со помалите опозициски партии на Албанците.

„Очекувам дека за овој закон треба и мора да се постигне консензус. Секако има секаков вид на очекувања, но редот е сите заедно да му дадеме поддршка, истакна премиерот.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ засега не се изјаснила за законот. Ќе чека да ја види неговата содржина за да донесе конкретен став. Портпаролот на партијата Димче Арсовски изјави дека нивните правни експерти треба да го разгледаат законот, а потоа ќе излезат со партиски став.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски, пак смета за ова прашање се потребни меѓупартиски консултации, вклучувајќи и лидерска средба.

Предлог-законот помина на владина седница, откако земјава ден претходно ја посети Филип Рикер, иден американски помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, а сегашен политички советник на командантот на Европската воена команда на Воените сили на САД,

Рикер за време на престојот во Скопје имаше средби со премиерот Зоран Заев вицепремиерите Кочо Анѓушев и Бујар Османи, со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателотна ДУИ Али Ахмети. Тој се сретна и со претседателот на Собранието Талат Џафери, кој меѓу другото го информирал за актуелните активности во законодавниот дом со пакетот реформски закони, со кои очекуваме одредување датум за почеток на преговори од страна на Советот на ЕУ во јуни оваа година.

Рикер во однос на евроинтеграцискиот процес истакнал дека донесувањето на пакетот реформски закони не се само придонес кон ЕУ процесот, туку се од клучна важност за развојот на земјата во иднина и дека во тој процес, опозицијата мора да се вклучи соодветно и да работи за општото добро.

актуелно влада двотретинско мнозинство СЈО собрание
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.