На почетокот на денешната седница, претседателот на Собранието Талат Џафери го потврди изјавеното во медиумите дека од денеска седниците на Собранието ќе бидат отворени за граѓаните кои сакаат и се во можност да ги следат, а пратениците ќе им бидат достапни за средби и надвор од салата на Собранието.
За процедурално се јави прв пратеникот Илија Димоски од ВМРО-ДПМНЕ кој го обвини Џафери дека го прекршил Деловникот со тоа што не им било дадено доволно време да ги разгледаат биографиите на замениците министри предложени од Владата, кои денеска треба да „поминат“ во Парламентот.
Според Димовски, досегашната пракса била да се остави 10 дена, како што рече, како што предвидувал Деловникот за тоа, а не „да се праќа допис на е-маил во еден часот по полноќ“.
„ Велевте дека нема да бидете гласачка машинерија и дека нема да има носење закони по скратени постапки, затоа апелирам до вас да ја повчечете точката за да може и јавноста да се запознае со биографиите на предложените. Потсмевајте се колку сакате, но сето тоа политички скапо ќе ве чини – рече Димоски.
Седницата започаа со силно негодување од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои со тропање по масите се обидуваат да ја опструираат работата на Собранието.







