Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Таравари ќе ги мотивира лекарите со повисоки плати
Политика

Таравари ќе ги мотивира лекарите со повисоки плати

јуни 3, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Таравари го осуди вчерашниот напад врз  поранешниот министер за здравство Никола Тодоров и рече дека причината за ваквиот немил настан, како и за сите други инциденти по болниците го гледа во огромниот јаз меѓу пациентите и лекарите кој особено се изостри последиве години.

Жално е тоа што се случи со Тодоров, се слушнав со него на  телефон, му го изразив моето жалење. Меѓутоа веќе две-три години се пука по доктори и се тепаат лекари. Не е мило што почуствувал како е да се биде доктор во Македонија, но секојдневно ни се случуваат такви случувања по болниците со пациентите зошто направивме голем јаз во односот пациент-лекар. Затоа барам од сите, па и од медиумите, помош да изградиме доверба меѓу пациентот и лекарот – рече Таравари.

Ќе се укине плаќањето по учинок, економските директори на клиниките ќе бидат  шефови на администарција, прокетот „Мој термин“ ќе се подобри, а  зависно од финансиските можности и законските прописи, пет до шест лекари од одредена клиника или болница ќе добиваат 10 до 20 отсто покачување и на тој начин ќе се мотивираат, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари по посетата на Клиничката болница во Тетово.

Одговарајќи на новинарско прашање за неговиот однос со претседателот Ѓорге Иванов, тој рече дека токму шефот на државата има дел од вината за случувањата на 27 април.

Да не бараше Ѓорѓе Иванов таква гаранција во февруари откако Груевски во јануари не успеа да остави влада, немаше да се случи 27 април. Со аболицијата и со сите други прекршувања на Уставот и законите што ги направи Иванов, не заслужува да се нарекува претседател и тој за нас е само граѓанин – додаде министерот.

Во врска со ВМРО ДПМНЕ истакна дека Алијансата на Албанците нема проблем со партијата, туку само со нејзиното раководство. Во последното време искажуваа шовинистички ставови и постапки така што како партија  нема да имаме никакви контакти додека е ова раковоство во ВМРО-ДПМНЕ.

Другите партии може да имаат контакти со нив, а доколу има промени, а сигурно ќе има во раководството на ВМРО ДПМНЕ, ние ќе седнеме со новото раководство и ќе разговараме како и со останатите политички субјекти во Македонија, рече Таравари.

Осврнувајќи се на предвидените промени во секторот, појасни дека дел од средствата за дополнителните 10 до 20 отсто за лекарите би се обезбедиле со укинување на функцијата економски директор. Овие кадри во иднина би биле шефови на администарција, рече Таравари.

Нема потреба да се дуплираат функциите. Досегашните економски директори би биле шефови на администарцијата. Во однос  на проектот „Мој термин“ што според мене е една од најдобрите работи во здравството последниве години, треба да има подобрување бидејќи сега половина од времето со пацинетот лекарите го трошат на административни работи така што ќе се заложиме за продолжување на овој термин со пацинетот за 20 до 30 минути и поедноставување на процедурите – изјави министерот.

Според него, во овој правец е и зголемувањето на платите, вработувањето нови лекари, како и нивната специјализација во странство. Идејата е да се вратат македонските лекари  кои моментно се многу успешни во Европа и дел од времето да го минуваат тука, да го споделат нивното искуство.

Таравари во рамки на посетата на Болницата, се сретна со директорот Флорим Бесими и го престави својот прв советник, хирургот Омер Џемаили кој работи во Швајцарија, но дел од времето го поминува и на Клиниката за кардиохирургија во Скопје.

Ова е негова прва посета на здравствена установа по вчерашното преземање на министерската функција.

Клиничката болница во Тетово е една од позначајните во државата. Тука има одредени инвестиции, но потребни се уште повеќе бидејќи има недостиг на медицински и друг кадар, како и на апаратура.

Ќе го покренеме прашањето за подобрување на односот меѓу лекарот и пациентот кој изминатите шест – седум години е влошен. Мораме состојбите да ги подобриме на овој план -рече Таравари.

актуелно Алијанса на Албанците Ѓорѓе Иванов Никола Тодоров Таравари
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.