Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тевдовски: Макроекономските индикатори и меѓународните институции потврдуваат – економијата оди напред
Економија

Тевдовски: Макроекономските индикатори и меѓународните институции потврдуваат – економијата оди напред

април 25, 2019Updated:април 25, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Макроекономските показатели укажуваат на тоа дека економијата оди напред. Во услови кога на глобално ниво се води битка со царински тарифи, нашата економија забележува раст на индустријата и извозот, вели министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за МИА.

„Индустриското производство порасна за околу 10 отсто во првите два месеца од годината, односно според последните податоци на Државниот завод за статистика. Исто така, извозот има стапка на раст од 6,8 отсто во првите два месеца. Просечната плата забележа раст од 4,5 отсто во февруари. Кредитирањето на претпријатијата и воедно движењата во бизнис-секторот се подобри од кога било во последните пет години. Странските инвестиции изминатата година беа највисоки од независноста досега. Сето ова укажува дека македонската економија е закрепната и дека може да остварува добри стапки на раст, вели Тевдовски.

Тој посочува дека потврда за тоа дека македонската економија е во добра кондиција е добиена и од меѓународните финансиски институции. На пример, ММФ ја зголеми проекцијата за раст на македонската економија од 2,8 отсто  на три отсто за годинава. Ова се случува во исто време кога ММФ ја намали проекцијата за глобален раст, вели Тевдовски.

Министерот за финансии посочува дека економијата закрепна по стагнацијата од 2017 година и дека овој раст е предводен од приватниот сектор.

„Секако дека Владата го користи овој позитивен момент за реформи и политики што ќе го поттикнат економскиот раст. Минатата година беше година на крупни реформи во јавните финансии. Имавме амбициозна агенда, спроведовме 10 крупни реформи меѓу кои и даночна, пензиска и социјална реформа. Дел од резултатите веќе се видливи во поглед на реализацијата на буџетските приходи. Годинава ќе продолжиме со реформите предвидени со Програмата за управување со реформи во јавните финансии, вели Тевдовски.

Министерот истакнува дека преку Рамката за партнерство со Светска банка ќе се поддржи стопанството, односно ќе се спроведат проекти за подобрување на климата за конкурентно и извозно ориентирано стопанство.

„Има повеќе проекти што се однесуваат на подобрување на инфраструктурата што значи подобро поврзување и помали трошоци за компаниите. Таков е Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан. Светска банка веќе пресмета дека трошоците за увозниците и извозниците во земјава  би се намалиле за околу 10 отсто, вели Тевдовски.

Тој додава дека во Рамката се наоѓа и проект за поврзување на домашните добавувачи со странските инвеститори во земјава, кој бил договорен со Меѓународната финансиска корпорација (IFC) за време на Пролетните средби ММФ и Светска банка во Вашингтон. Целта на проектот е преку вмрежување на домашните и странски компании да се обезбеди работа за домашните претпријатија, да се обезбеди пристап до пазари до кои претходно немале пристап и да се пренесе know-how.

актуелно индикатори макроекономски Тевдовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Горивата од полноќ со нови цени

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.