Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026

Нестабилно време во Македонија

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тензично во Каталонија пред закажаниот референдум за независност
Во Фокусот

Тензично во Каталонија пред закажаниот референдум за независност

септември 10, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Каталонскиот претседател Карлос Пуиџдемон денеска вети дека ќе продолжи на патот кон одржување на референдумот за независност за кој официјален Мадрид смета дека би бил илегален и повика на масовни демонстрации следната недела во знак на поддршка за отцепување на Каталонија од Шпанија.

„Цела државна сила е против нас. Соочени сме со правни процедури и закани… Регионалната влада е поодлучна од кога и да е да одржи плебисцит кој е планиран за 1 октомври“, изјавил Пуиџдемон на состанокот на официјалните лица од двете страни во Барселона.

Тој, како што се наведува, како некој кој долго се залага за независност на регионот на североистокот на Шпанија, се надева дека ќе успее да ги мобилизира приврзаниците во демонстрација на легитимитетот како одговор на заканите на Мадрид дека ќе го спречи референдумот на кој било начин.

„Во понеделник ќе ги наполниме улиците мирно и демократски, како и секогаш“, дециден бил тој.

Како што наведуваат медиумите, анкетите покажувале дека Каталонците се подеднакво поделени по прашањето за независност, но дека преку 70 отсто од нив сакаат да се одржи референдумот за да се реши тоа прашање, слично како што беше решено, исто така со референдум, во Шкотска во 2014 година.

Каталонската влада одржа симболичен референдум во 2014 година, кога повеќе од 80 отсто од учесниците гласаа за отцепување од Шпанија, иако само 2,3 од 5,4 милиони Каталонци кои имале право на глас, учествуваа на гласањето.

Франс прес претходно информираше дека шпанскиот премиер Маријано Рахој изјавил дека владата на таа држава побарала од Уставниот суд да го суспендира барањето на лидерот на Каталонија за одржување на референдум за независност на 1 октомври, нарекувајќи го таквото барање „неприфатлив чин на непослушност“.

Рахој рекол дека сите општини во Каталонија ќе бидат предупредени за својата „обврска да ги спречат или блокираат“ напорите да дојде до реализација на референдумот кој е, како што вели, неуставен.

Тој на седница на каталонскиот парламент, кој со усвојувањето на законот ги официјализираше своите планови во шпанскиот регион да се организира референдумот за независност, настанот го нарече „политичка перверзија“ на каталонската влада, пренесе агенцијата АП.

„Референдумот е незаконски и претставува напад на институционалниот поредок на Шпанија и Каталонија“, изјавил Рахој после итниот состанок со членовите на својот кабинет.

„Тоа е нешто што владата и судовите неможат да го дозволат“, изјави Рахој, ветувајќи дека референдумот нема да се случи.

Шпанското Државно обвинителство соопшти претходно дека ќе подигне обвиненија против членови на каталонскиот парламент поради изгласување на закон за одржување на референдумот на 1 октомври, кој шпанската влада го смета за нелегален.

Повеќето пратеници во каталонскиот парламент, во кој мнозинството го имаат партиите кои се залагаат за отцепување од Шпанија, гласаа за закон за референдум и за правна рамка неопходна за воспоставување на независна држава, јави Ројтерс.

Законот е усвоен со мнозинство од 72 гласа, наспроти 11 воздржани. Пратениците кои се противат на отцепувањето на каталонија, ја напуштија седницата пред гласањето, наведува АФП.

актуелно Каталонија независност парламент референдум Шпанија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026

Нестабилно време во Македонија

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.