Словенечките полициски бродови денеска три пати ја повредија линијата на разграничување на море меѓу Хрватска и Словенија, објавено е на интернет страницата на хрватското Министерство за внатрешни работи.
Првиот случај бил во 10.45 часот на околу осум милји од Р’тот Савудрија, во подрачјето на Пиранскиот залив. Хрватски полициски брод затекна словенечки полициски брод. Откако ги предупредиле дека се наоѓаат во територијалните води на Хрватска и побарале да ги напуштат, Словенците тоа и го сториле после дваесет минути, пренесе Хина.
Вториот случај бил околу 11 часот, на околу 1,9 милји од Р’тот Савудрија, додека третиот бил забележан околу 14.06 часот во близина на истото место. Во двата случаја било издадено предупредување да се напуштат територијалните води на Хрватска, а словенечките бродови го сториле тоа.
Хрватското МВР најави дека за сите повреди на линијата на разграничување ќе го информира хрватското Министерство за надворешни и европски работи.
Истовремено со тие настани, се случи словенечки брод во минување да предупреди хрватски рибарски брод дека е во словенечка територија после што без каква било постапка се одалечил, наведува Хина.









