Најмалку две лица загинаа, а пет се повредени во центарот на Барселона кога во група луѓе влета комбе, јавуваат шпанските медиуми, а полицијата истакнува дека станува збор за „терористички напад“.
Возачот го напуштил возилото и побегнал.
Ројтерс пренесува дека возилото влетало во група од неколку десетици луѓе.
Инцидентот се случил во туристичкиот дел на Барселона, во близина на авенијата Лас Рамблас.
https://www.youtube.com/watch?v=0P4FtzcU4zk
Шпанскиот премиер Маријано Рахој е во постојан контакт со надлежните органи кои побарале да се затворат блиските железнички и метро станици.
АП наведува дека белото комбе влетало во групата пешаци кои стоеле на тротоар.
Полицијата ги повика граѓаните да го избегнуваат местото каде што се случи инцидентот.
Вооружени напаѓачи забарикадирани во кафе-бар
Двајца вооружени мажи се забарикадираа денес во кафе-бар во центарот на Барселона, јави шпанскиот весник Ел Панодико.
Весникот наведува дека дошло до престрелка во зоната околу пазарот Ла Бокерио и не го споменува изворот на информации.
За сега не се знае дали вооружените мажи кои сега се во кафе-барот го возеле кобито, наведува Ројтерс, но АП јавува, повикувајќи се на весникот Ел Паис, дека тие се лицата што го извршите нападот.












