Пет лица загинаа, а петнаесет се повредени откако камион влета во толпа луѓе во прометна пешачка зона во центарот на Стокхолм. Засега никој не ја превзеде одговорноста за инцидентот.
Шведскиот премиер потврди дека се работи за терористички напад.
„Шведска е нападната. Се упатува на терористички акт. Владата е информирана и прави се да им помогне на властите во справувањето“, посочи премиерот Стефан Луфвен на прес конференција.
Шведската полиција изврши евакуација на луѓето од централната железничка станица, што е во близина каде претходно беше извршен нападот со камион.
Патниците кои требаа со воз да отпатуваат за Гетеборг биле принудени да останат во вагоните. И пратениците не смееле да ја напуштат зградата на Парламентот, кој исто така е во близина на нападот.
На учениците кои биле во кино, што се наоѓа на улицата Дротингатан. не смееле да го напуштат објектот.
А, пак, метрото во Стокхолм е затворено целосно.
Според информациите што ги презентираше шведската полиција камионот со кој е изведен нападотбил украден од фирмата „Спендрупс“.
Портпаролката на Шведската разузнавачка служба САПО, Нина Олдермалм Шеј наведе дека ударот со камион е „намерен напад“.
Овој терористички напад е сличен на неколку терористички напади во Европа кои беа спроведени на сличен начин.
Одговорност за изминатите напади преземаа милитантните ќелии на Исламска држава.








